Home
Links
Contact
About us
Impressum
Site Map


YouTube Links
App Download


WATERS OF LIFE
WoL AUDIO


عربي
Aymara
Azərbaycanca
Bahasa Indones.
বাংলা
Български
Cebuano
Deutsch
Ελληνικά
English
Español-AM
Español-ES
فارسی
Français
Fulfulde
Gjuha shqipe
Guarani
հայերեն
한국어
עברית
हिन्दी
Italiano
Қазақша
Кыргызча
Македонски
മലയാളം
日本語
O‘zbek
Plattdüütsch
Português
پن٘جابی
Quechua
Română
Русский
Schwyzerdütsch
Srpski/Српски
Slovenščina
Svenska
தமிழ்
Türkçe
Українська
اردو
中文

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 131 (The death penalty for God’s Son)

Previous Piece -- Next Piece

КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца

131. Смртна казна за Божјиот Син


Судијата досудил смртна казна. Џелатот бил подготвен. Господ Исус им бил предаден на непријателите.

Го плукале, Го удирале Божјиот Син по лицето и Го камшикувале.

Тепањето нè потсетува на казната. Исус не го заслужил тоа. Никогаш не бил виновен за грев. Како и да е, Тој бил погубен на најстрашен начин.

На крвавиот грб го носел тешкиот дрвен крст по улиците на Ерусалим.

Надвор од градот, на ридот наречен Голгота, бил распнат на крст од свирепи војници, меѓу двајца криминалци, еден лево и еден десно од Него.

Умирањето на крстот било ужасно. Исус претрпел главоболки, страшна жед и недостаток на здив. Бил исплашен.

Освен тоа, Неговите непријатели се потсмевале со Него.

Потсмевач: „Еј, ако си навистина Божји Син, тогаш слези од крстот“.

Војник: „Ако си Цар на Евреите, тогаш спаси се Сам“.

Ако Исус сакал да се спаси, тогаш немало да дојде од небото на земјата.

Дошол со таа цел, да нè спаси нас бидејќи нè сака. Исус ги сака дури и Неговите непријатели.

Исус: „Татко, прости им зашто не знаат што прават“.

Замисли си ги трите крста. Исус во средината, од Неговата десна и лева страна биле криминалците. Зар не изгледа како Исус да им ги подава рацете на двајцата грешници?

Криминалец (со тон на омраза): „Ти би требало да бидеш ветениот Спасител? Тогаш спаси се Сам, а и нас“.

Убиец: „Замолкни! Зар заборави на Бог? Ние сме виновни за тоа што го направивме, ја заслужуваме казната, но Тој не направи ништо лошо. Господе Исусе, Те молам сети се на мене кога ќе влезеш во Твоето Царство“.

Исус: „Ти велам: денеска ќе бидеш со Мене во рајот“.

Убиецот го признал својот грев и затоа можел да влезе во рајот.

Бил во право: сите сме виновни. Но Исус проштава и Неговите раце секогаш се испружени кон грешниците.

Замисли ги трите крста уште еднаш. Исус е во средината, од Неговата десна и лева страна се криминалците. Едниот поверувал во Исус, другиот му се потсмевал Нему. Едниот бил спасен, другиот изгубен. На која страна стоиш ти?

Исус ги држи испружени рацете кон тебе. Неговата љубов е поголема од твојата вина.


Улоги: Раскажувач, потсмевач, војник, Исус, убиец, криминалец.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on August 08, 2023, at 09:00 AM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)