STORIES for CHILDREN by Sister Farida(www.wol-children.net) |
|
Home عربي |
Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 078 (Lou Ling makes a decision) This page in: -- Albanian -- Arabic? -- Armenian -- Aymara -- Azeri -- Bengali -- Bulgarian -- Cebuano -- Chinese -- English -- Farsi -- French -- Fulfulde -- German -- Greek -- Guarani -- Hebrew -- Hindi -- Indonesian -- Italian -- Japanese -- Kazakh -- Korean -- Kyrgyz -- MACEDONIAN -- Malayalam? -- Platt (Low German) -- Portuguese -- Punjabi -- Quechua -- Romanian -- Russian -- Serbian -- Slovene -- Spanish-AM -- Spanish-ES -- Swedish -- Swiss German? -- Tamil -- Turkish -- Ukrainian -- Urdu -- Uzbek
КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца
78. Лоу Лиу донесува решениеЛоу Лиу имаше голем проблем. Размислуваше за идолот што беше на полицата над влезната врата. Таа живееше во Кина, а нејзините родители велеа дека тоа парче дрво е бог. Не е вистина, тоа, едноставно, не може да биде вистина. Живиот Бог е на небото, а оваа фигура на полицата не беше ништо друго освен мртов идол. Имаше раце, но никому не можеше да помогне. Имаше уста, но не можеше да зборува. Имаше уши, но не можеше да слуша. Луѓето го обожаваа овој идол, но не знаеја дека живиот Бог го забранува тоа: „Јас сум Господ, твојот Бог, не треба да се поклонувате на никој друг бог освен Мене“. Лоу Лиу размислуваше за ова. Лоу Лиу: „Дали ова е вистинскиот бог кој стои на нашата полица?“ Во христијанското училиште што го посетуваше, таа слушна за единствениот вистински Бог. Научи дека Тој го испрати Својот Син во светот за да умре за гревовите на сите луѓе. Беше восхитена кога слушна дека Тој воскресна по три дена и сега живее на небото. Кој е во право? Кој е вистинскиот Бог? Исус или идолот во нејзината куќа? Лоу Лиу: „Знам што ќе направам: ќе го закопам идолот во дворот. И, ако оживее, тогаш ќе знам дека тој е вистинскиот бог“. Лоу Лиу зеде лопата, отиде во дворот и го закопа идолот. Беше задоволна од нејзината идеја и се врати во куќата. Помина првиот ден. Вториот ден отиде до малиот гроб и ја распрета земјата. Идолот сè уште лежеше таму. Одвај го дочека третиот ден. Но тој ден, како и другите денови, идолот лежеше мртов во земјата. Лоу Лиу: „Сега верувам во Господ Исус, Кој умре за мене и воскресна“. Лоу Лиу донесе правилно решение и честопати чувствуваше дека живиот Бог е со неа и никогаш не ја остава сама. Бог вели во Неговото Слово: „Јас Сум Господ, твојот Бог; да немаш други богови освен Мене. Ништо не треба да ти биде поважно од Мене“. Улоги: Раскажувач, Лоу Лиу. © Copyright: CEF Germany |