Home
Links
Contact
About us
Impressum
Site Map


YouTube Links
App Download


WATERS OF LIFE
WoL AUDIO


عربي
Aymara
Azərbaycanca
Bahasa Indones.
বাংলা
Български
Cebuano
Deutsch
Ελληνικά
English
Español-AM
Español-ES
فارسی
Français
Fulfulde
Gjuha shqipe
Guarani
հայերեն
한국어
עברית
हिन्दी
Italiano
Қазақша
Кыргызча
Македонски
മലയാളം
日本語
O‘zbek
Plattdüütsch
Português
پن٘جابی
Quechua
Română
Русский
Schwyzerdütsch
Srpski/Српски
Slovenščina
Svenska
தமிழ்
Türkçe
Українська
اردو
中文

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 035 (Rendezvous in Jerusalem)

Previous Piece -- Next Piece

КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца

35. Средба во Ерусалим


Луѓето доаѓале отсекаде. Многумина дошле од далечни земји. Тие влегле во Ерусалим со цел да ја слават Педесетница. Илјадници луѓе оделе по улиците. Тој ден, учениците на Господ Исус се сретнале во една куќа за да се молат заедно. Одеднаш слушнале звук на силен ветер. И луѓето надвор ја слушнале бучавата. Што би можело да биде тоа?

Се случило нешто. Изгледало како на главите на учениците да има огнени јазици кои стоеле над секој од нив. Што значело тоа чудо?

Тоа прекрасно искуство било подарок од Исус. Тој на Неговите ученици им го дал Светиот Дух. Тој не ги заборавил своите пријатели. Преку Светиот Дух, Исус е секогаш со Неговите деца. Тој е Утешител, Советник и Придружник. Преку Него, Божјите деца секогаш се поврзани со Исус на небото.

Пред куќата луѓето стоеле зачудени.

Човек: „Што значи ова?“

Пресреќни, учениците зборувале пред толпата луѓе за Исус. Замислете, дури и луѓето кои дошле од други земји можеле да ги разберат. Секој слушал како пријателите на Исус зборувале на нивниот јазик. Зборувале на јазици кои никогаш не ги учеле. Исус е Тој што предизвикал тоа да се случи.

Некој се пошегувал:

Потсмевач: „Ха, вие сите сте пијани и тоа толку рано во денот!“

Тогаш Петар проговорил:

Петар: „Не, не сме пијани. Бог го исполни Своето ветување и ни го испрати Својот Свет Дух“.

Смело, тој уште повеќе зборувал за Исус, како умрел и воскреснал и сега живее на небото.

Човек: „Дали тоа е Петар, оној кој неодамна дури откажа дека го познава Исус?“

Жена: „Тој е. Веќе не е плашлив како порано. Целосно е изменет“.

Преку Светиот Дух, Бог го направил Петар храбар сведок. И тоа што го кажал Петар им зборувало на срцата на луѓето во толпата.

Човек: „Што треба да направиме?“

Жена: „Направивме толку многу погрешни нешта“.

Петар: „Поверувајте во Господ Исус, Бог ќе ви прости и ќе го примите Светиот Дух“.

3000 луѓе го направиле тоа. Тие го повикале Исус во молитва и биле спасени. По ова славење на Духовден, учениците имале нова радост.


Улоги: Раскажувач, потсмевач, Петар, човек, жена.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on August 08, 2023, at 08:40 AM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)