STORIES for CHILDREN by Sister Farida(www.wol-children.net) |
|
Home عربي |
Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 013 (Gifts for Jesus) This page in: -- Albanian -- Arabic? -- Armenian -- Aymara -- Azeri -- Bengali -- Bulgarian -- Cebuano -- Chinese -- English -- Farsi -- French -- Fulfulde -- German -- Greek -- Guarani -- Hebrew -- Hindi -- Indonesian -- Italian -- Japanese -- Kazakh -- Korean -- Kyrgyz -- MACEDONIAN -- Malayalam? -- Platt (Low German) -- Portuguese -- Punjabi -- Quechua -- Romanian -- Russian -- Serbian -- Slovene -- Spanish-AM -- Spanish-ES -- Swedish -- Swiss German? -- Tamil -- Turkish -- Ukrainian -- Urdu -- Uzbek
КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца
13. Дарови за ИсусТоме гледаше како дедо му изработува дрвени фигури за сцена. Изгледаа како вистински – овчарите, Јосиф и Марија и бебето Исус. Како што минуваше времето, тој се измори и заспа. Тој ја сонуваше шталата во Витлеем. Оф, си помисли Томе, јас навистина можам да се доближам до јаслите. Се приближи и одеднаш се натажи. Потоа Исус му проговори. Исус: „Зошто си толку тажен?“ Томе: „Затоа што не ти донесов подарок“. Исус: „Не биди тажен. Јас од тебе сакам само три нешта“. Томе: „Ќе ти дадам сѐ што имам. Мојот електричен воз, моите компјутерски игри, и…“ Исус: „Не, тоа не е она што јас го сакам од тебе; Тоа не е причината поради која дојдов од небото на земјата“. Томе: „Тогаш што?“ Исус: „Дај ми го твојот последен тест по математика“. Томе: „Но за него јас добив тројка“. Исус: „Го сакам токму поради таа причина. Сакам секогаш да Ми го донесеш тоа што не ти е доволно во твојот живот. Ќе го направиш ли тоа?“ Томе: „Да, ќе го направам“. Исус: „Вториот подарок што го сакам е твојата чинија за житарки“. Томе: „Не можам да Ти ја дадам бидејќи ја скршив“. Исус: „Ја сакам токму поради таа причина. Сакам секогаш да ми го донесеш тоа што е скршено во твојот живот. Ќе го направиш ли тоа?“ Томе: „Да, ќе го направам“. Исус: „Сега, во врска со Мојата трета желба. Томе, го сакам одговорот што ѝ го даде на мајка ти кога те праша како ти се скрши чинијата за житарки“. Тогаш Томе почна да плаче и срцето му беше скршено. Томе: „Јас… Јас ја излажав“. Исус: „Томе, твоите лаги, твојата непокорност, секое злобно нешто во твојот живот – можеш да Ми ги донесеш Мене – целиот твој живот. Јас ти простувам и ќе ти помогнам да живееш на правилен начин. Јас секогаш ќе бидам со тебе и ќе ти го покажам патот во животот. Го сакаш ли тоа?“ Томе многу го сакаше тоа! Оттогаш тој веруваше во Исус и Му беше послушен. Улоги: Раскажувач, Томе, гласот на Исус. © Copyright: CEF Germany |