STORIES for CHILDREN by Sister Farida(www.wol-children.net) |
|
Home عربي |
Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 006 (9 to 1) This page in: -- Albanian -- Arabic? -- Armenian -- Aymara -- Azeri -- Bengali -- Bulgarian -- Cebuano -- Chinese -- English -- Farsi -- French -- Fulfulde -- German -- Greek -- Guarani -- Hebrew -- Hindi -- Indonesian -- Italian -- Japanese -- Kazakh -- Korean -- Kyrgyz -- MACEDONIAN -- Malayalam? -- Platt (Low German) -- Portuguese -- Punjabi -- Quechua -- Romanian -- Russian -- Serbian -- Slovene -- Spanish-AM -- Spanish-ES -- Swedish -- Swiss German? -- Tamil -- Turkish -- Ukrainian -- Urdu -- Uzbek
КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца
6. 9 спрема 1Учениците долго шетале со Господ Исус. Кога ја читаш Библијата, ти може да одиш со нив низ целиот Израел. Учениците имале привилегија: тие биле присутни кога Исус ги лекувал болните луѓе, кога се молел на Неговиот небесен Tатко, кога ја смирил бурата само со еден збор. Во Евангелието според Лука, Исус одел со Своите ученици по правливиот пат и дошле до еден мал град што се наоѓал меѓу Самарија и Галилеја. Лепрозните луѓе: „Исусе, Господе, помогни ни!“ Тоа го извикувале десет мажи кога Го препознале Исус. Како што учениците се приближувале, тие виделе дека тие десет мажи се лепрозни. Лепрата е страшна болест која почнува со дамки на кожата и ги нагризува мускулите. Лепрозните луѓе биле протерувани од заедницата. Тие морале да живеат во пештери или на отворени места. Не им било дозволено да се допрат до никого. Секој ги избегнувал. Но, не и Исус. Лепрозните луѓе: „Исусе, помогни ни!“ Исус: „Отидете кај свештеникот. Тој треба да ве прегледа“. Со овие зборови Исус ги испратил мажите кај човекот кој ги водел црковните служби и ги лекувал болните луѓе. Свештеникот бил единствениот човек кој можел тие луѓе да ги прогласи за здрави. Десетте мажи веднаш тргнале на пат. И додека оделе сфатиле: Лепрозните луѓе: „Излекувани сме! Нашата кожа пак изгледа здрава!“ Еден од мажите се свртел и истрчал назад кај Господ Исус. Тој стигнал до Него и клекнал на колена пред Исус. Лепрозниот човек: „Ти благодарам, Господе, што ме направи повторно здрав! Ти благодарам многу!“ Исус го погледнал тој среќен човек и прашал, изненаден: Исус: „Зар не излекував десет мажи? Каде се другите девет? Дали само еден се врати за да ми се заблагодари?“ Да, само еден! Само еден бил благодарен. А ти? За што би можел да Му се заблагодариш на Исус денеска? Улоги: раскажувач, двајца лепрозни луѓе, Исус. © Copyright: CEF Germany |