STORIES for CHILDREN by Sister Farida

(www.wol-children.net)

Search in "Macedonian":

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 089 (Ringu at the bull race 1)

Previous Piece -- Next Piece

КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца

89. Рингу на трката со волови 1


Во едно мало село во Индија, Рингу ги впрегна биковите. Потоа неговите родители се качија во двоколката.

Рингу: „Бату, качи се, заминуваме“.

Бату: „Ураа, одиме во чаршијата“.

Рингу: „И тогаш ќе го прославиме големиот празник на биковите“.

Бату: „Рингу, возбуден сум да видам дали ќе победиш на трката со бикови“.

Рингу беше многу нервозен додека седеше напред за да ги управува биковите. Патот водеше низ џунглата. Некои велеа дека таму живеат тигри, а во неа се криеле и лоши духови.

Бату: „Рингу, терај побрзо“.

Рингу: „Се прашувам дали ќе видиме туѓинци? Знаеш, оној високиот со бела кожа. Оној кој секогаш зборува за добриот Бог“.

Во градот имаше голема навалица. Откога застанаа, Рингу прв скокна од двоколката.

Рингу: „Оф! Оф! Моето стапало!“

Во неговата петица се заби долг трн. Ги стисна забите и го извади трнот. Потоа тргна по родителите куцајќи. Татко му пазареше, а Рингу тајно украде банана. Тој добро знаеше дека тоа не е правилно, но мислеше дека така прават и другите луѓе.

Слушнаа прекрасна музика. Рингу сакаше да истрча до музиката, но се судри со еден човек. Човекот ги испушти сите листови што ги држеше. Тоа беше туѓинецот. Рингу се обиде да избега, но беше задржан.

Мисионерот: „Почекај еден миг, пријателе, сакам да ти го дадам овој лист. Ова е писмо од Бог. Во него можеш да прочиташ за Божјата љубов за тебе“.

Рингу го зеде листот и го стави во турбанот.

Музиката запре и Индиецот, кој свиреше на органа, стана.

Панду: „Моето име е Панду. Јас жртвував на злите духови и им се поклонував на духовите. Но сега го знам живиот Бог и Му служам. Тој е вистинскиот Бог“.

Рингу размислуваше за овие зборови. Следното утро го разбуди чукање на силни тапани.

Со страв ја гледаше својата црвена, отечена нога. Татко му го повика врачот. Рингу трепереше кога се упати кон него. Тој посипа пипер во раната и му дувна во ушите. Рингу викна.

Рингу: „Оф-ф! Оф-ф!“

Како ќе помогнат пиперот и дувањето? Трката почна. Рингу сеќаваше ужасни болки. Но, ги зеде уздите во рацете и се обиде да се смее.

(звук на истрел од пиштол)

Биковите почнаа да трчаат. Публиката ги бодреше. Рингу повторно заплака од болка и трчаше зад биковите. Се сопна и тогаш…?

Во следната драма ќе дознаете што се случи потоа.


Улоги: Раскажувач, Рингу, Бату, мисионерот, Панду.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on August 08, 2023, at 08:52 AM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)