STORIES for CHILDREN by Sister Farida

(www.wol-children.net)

Search in "Macedonian":

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 079 (Invaluable)

Previous Piece -- Next Piece

КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца

79. Непроценливо


(звук на прскање со вода) Индискиот нуркач – ловец на бисери вешто скокна во океанот. Неговиот најдобар пријател Давид Морс чекаше во чамецот додека кафеавата глава повторно се појави. Ја отвори школката со џебниот нож.

Давид Морс: „Рамбау, ти си одличен нуркач. Овој бисер вреди цело богатство“.

Рамбау: „Да, не е лошо“.

Давид Морс: „Може ли да се најде подобар бисер?“

Рамбау: „Дома имам еден што е многу повреден“.

Давид Морс: „Мислам дека овој бисер е совршен. Твоите очи го гледаат премногу критички“.

Рамбау: „Тоа е она што ти секогаш го кажуваш за твојот Бог. Луѓето мислат дека сè е во ред, но ти велиш дека Бог ги гледа какви се навистина внатре“.

Давид Морс: „Да, тоа е вистина. Но тој сака на сите луѓе да им даде чисто срце. Тоа е Божји дар. Го разбираш ли тоа?“

Во меѓувреме, двајцата пријатели дојдоа до плажата.

Рамбау: „Давид, изгледа премногу лесно. Премногу сум горд да го прифатам овој подарок. Сакам да направам нешто за да го заработам. Го гледаш ли аџијата таму? Ќе оди бос по остри камења додека не отиде до Калкута. Јас ќе одам на колена до Делхи“.

Давид Морс: „Рамбау, тоа е повеќе од 1000 километри. Пред да ја постигнеш целта, ќе умреш од труење на крвта“.

Но ништо што кажа Давид Морс, не помогна. Поминаа неколку денови.

(звук на тропање)

Давид Морс: „Рамбау, ти ли си? Влези“.

Рамбау: „Давид, утре ќе го почнам мојот аџилак. Пред да заминам сакам да ти кажам за мојот син“.

Давид Морс: „Имаш син?“

Рамбау: „Тој беше најдобриот нуркач по бисери на индискиот брег. Сакаше да го најде најубавиот бисер. И го најде. Но бидејќи беше подолго време под водата, набрзо умре (звук на плачење). Бидејќи си ми најдобар пријател, сакам да ти го дадам бисерот што тој го најде“.

Давид Морс: „Прекрасен е Рамбау. Совршен! Но нема да го прифатам. Ќе ти дадам 10.000 рупии“.

Рамбау: „Но не можеш да го купиш!“

Давид Морс: „Ако вреди повеќе од тоа, ќе работам за него“.

Рамбау: „Давид, овој бисер е непроценлив. Мојот син плати за него со животот“.

Давид Морс: „Рамбау, токму тоа се обидувам да ти го кажам за Бог. Неговиот дар за спасение не може да се купи. Не преку нашите добри дела или аџилак. Тоа е подарок од Бог, зашто тоа го чинеше Исус, Божјиот Син, Неговиот живот. Зар не сакаш да го прифатиш овој подарок денеска?“

Рамбау: „Сега разбирам. Го чинеше животот на Неговиот Син. Сакам да го прифатам денеска Неговиот дар на спасение“.

Спасението е Божји подарок и за тебе.


Улоги: Раскажувач, Давид Морс, Рамбау.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on August 08, 2023, at 08:50 AM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)