STORIES for CHILDREN by Sister Farida

(www.wol-children.net)

Search in "Macedonian":

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 073 (Shock in the classroom 1)

Previous Piece -- Next Piece

КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца

73. Шок во училницата 1


Одморот заврши. За жал! Но училишната година нема да биде здодевна. Учениците од селското училиште беа собрани во мали групи. Беа облечени малку старомодно, но таква беше облеката во тоа време. Но беа добри во фалењето. Особено Јове. Што и да кажеше, тие го правеа тоа.

Јове: „Слушајте! Кога ќе дојде новиот наставник и почне да се однесува како голем мангуп, да знаете дека нема долго да предава. Веќе избркавме тројца и овој наставник нема да остане многу долго“.

1. ученичка: „Никој не може да се справи со нас, иако сме мнооогу послушни и сакаме да учиме“. (сите се кикотат и се смеат)

2. ученичка: „Доаѓа. Брзо во училницата!“

1. ученичка: „Како тој воопшто дојде во нашето училиште?“

2. ученичка: „Директорот рече дека Бог го испратил овде“.

Јове: „А ние ќе го натераме да сака да си замине“. (сите се смеат)

(звук на училишно ѕвонче)

Заѕвони училишното ѕвонче. Јове и пријателите седеа во задниот ред. Љубопитно чекаа да видат што ќе се случи потоа. Наставникот влезе во училницата. Беше пријатен и ја разгледа училницата.

Учителот: „Добро утро момчиња и девојчиња. Сакам оваа година да се согласуваме едни со други. За да биде добра учебна година, денеска ни треба добар почеток. Станете ве молам. Ќе се молиме“.

Да се молиме? Учениците занемеа. Јове беше толку збркан што без да мисли стана и ги склопи рацете.

Учителот: „Господе Исусе, помогни ни заедно да работиме добро и да се согласуваме оваа година. Ти благодарам за секој ученик и се молам за секого да те запознае, зашто ги сакаш сите нив. Амин“.

Учениците не разбраа што значи тоа. Но неговата молитва најде место во нивните срца. Учителот сакаше да го запознаат Исус затоа што Исус ги сака. Никогаш порано немаа слушнато такво нешто. Немаа многу време да размислуваат за тоа. Одвај се созедоа од првиот шок, а потоа дојде и вториот. Ќе ви кажам што се случи во драмата што следува.


Улоги: Раскажувач, Јове, две ученички, наставник.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on August 08, 2023, at 08:48 AM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)