STORIES for CHILDREN by Sister Farida

(www.wol-children.net)

Search in "Macedonian":

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 055 (Innocent in jail 3)

Previous Piece -- Next Piece

КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца

55. Невин во затвор 3


Вратата на затворската ќелија се затворила со тресок. Чуварот ја затворил вратата и си заминал. Јосиф седел зад решетки. Невин! Го направил правилното нешто и затоа седел в затвор. Можеш ли да го разбереш тоа?

Јосиф долго размислувал.

(мелодија во заднината додека размислува)

Во умот ги видел своите браќа. Пред многу години тие го продале и тој завршил како роб во Египет. Го мразеле само затоа што Бог рекол дека ќе го направи Јосиф голем владетел.

Во земјата на пирамиди и фараони, Потифар го купил како роб. Јосиф добро си ја вршел работата. Службеникот на фараонот бил воодушевен; никогаш порано немал толку добар роб. Сè што правел Јосиф успевало. Никогаш ништо не тргнало на лошо. Да ви ја кажам ли тајната? Бог бил со него и му помагал.

Потифар му дозволил да управува во куќата и сите полиња. Јосиф бил доверлив и многу убав. Сопругата на Потифар се занесла во него и сакала тој да се однесува кон неа како нејзин сопруг.

Дали тоа е правилно? Во Божјиот закон се вели: Не прави прељуба. Законот сè уште важи и денес, како и тогаш. Јосиф Го слушал Бог и не си дозволил да биде убеден да згреши.

Еден ден сопругата на Потифар повторно се обидела да го искушува Јосиф.

Како постапуваш кога некој те искушува да направиш нешто лошо? Биди како Јосиф: побегнал од гревот. Жената ја грабнала неговата наметка и цврсто ја држела, но Јосиф се извлекол и побегнал од неа. Избрал да не згреши со жената на неговиот господар. Но таа била гневна и смислила начин како да му се одмазди на Јосиф.

Кога сопругот се вратил од работа таа му рекла дека Јосиф влегол во нејзината соба и се обидел да ја злоупотреби. Кога таа почнала да вика Јосиф избегал и ја оставил наметката. Наметката била нејзиниот доказ.

Потифар ѝ поверувал на сопругата и многу му се налутил на Јосиф. Веднаш го испратил в затвор.

Но Бог бил со Јосиф и во затворот и затоа овој расказ сè уште не е завршен.

Бог сè уште имал планови за Јосиф, дури и ако тој тогаш не можел да го види тоа.

Во следната драма продолжува расказот за Јосиф.


Улоги: Раскажувач.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on August 08, 2023, at 08:45 AM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)