STORIES for CHILDREN by Sister Farida

(www.wol-children.net)

Search in "Macedonian":

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 040 (The small sailboat)

Previous Piece -- Next Piece

DRAMAS -- perform them for other children!
Plays for children to perform

40. Малата едрилица


Конечно дојде распустот! Јове долго го чекаше тоа. Сакаше да спие и да има многу време за своето хоби.

Повеќе денови работеше со ентузијазам правејќи модел на едрилица. Му беше дури дозволено да оди во работилницата на татко му. Последното што го направи беше да ја обои едрилицата со црвена и сина боја и на сите три јарболи да закачи бели едра. Гордо отиде со својата мала едрилица на брегот и ја пушти да се лизга по брановите. Тој не виде дека го гледа една група момчиња кои му се приближија.

Момче: „Дали сам ја направи едрилицата? Ќе ти ја земеме и ќе ја пуштиме да отплови“.

Пред Јове да каже збор, го турнаа во трските. Додека успеа да стане, бандата ја немаше, а и неговата едрилица.

Речиси со плачење се врати дома.

Таткото: „Ќе ти купам нова едрилица“.

Јове: „Но, тато, повеќе би сакал да ја имам онаа што ја направив сам“.

Поминаа повеќе недели. Еден ден Јове виде едрилица во излогот на една продавница.

Јове: „Тато, оваа е мојата едрилица!“

Таткото: „Дали го знаеш тоа со сигурност?“

Јове: „Да, сигурен сум. Зар не ја гледаш ознаката на крмата?“

Јове со трчање влезе во продавницата и ѝ се обрати на продавачката:

Јове: „Оваа едрилица не е ваша. Ми припаѓа мене“.

Таткото на Јове ѝ објасни сè на зачудената жена. Кога заврши, таа рече:

Продавачката: „Ја купив едрилицата од една група момчиња. Ќе направиме договор: ќе ти ја продадам едрилицата за сумата што ја дадов за неа“.

Јове се согласи и плати за едрилицата што тој самиот ја направи.

На патот кон дома рече:

Јове: „Мала едрилице, сега ми припаѓаш двапати. Прво, те направив, второ, те купив“.

Таткото: „Дали, исто така, му припаѓаш двапати на Бог?“

Јове: „Зошто двапати?“

Таткото: „Па, Бог го создал човекот, но потоа човекот се оддалечил од Бог поради гревот. Кога Исус умрел на крстот, платил со Својот живот за да може повторно да Му припаѓаме на Бог“.

Јове: „А како можам да знам дали Му припаѓам на Бог двапати?“

Таткото: „Замоли Го Исус да ти ги прости сите гревови, замоли Го да дојде во твојот живот и тогаш ќе бидеш Божјо дете. Како Божјо дете, Му припаѓаш на Бог двапати“.


Улоги: Раскажувач, момче, Јове, татко, продавачка.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on October 22, 2021, at 07:56 AM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)