STORIES for CHILDREN by Sister Farida

(www.wol-children.net)

Search in "Macedonian":

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 015 (The baked Bible)

Previous Piece -- Next Piece

КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца

15. Испечената Библија


Жена: „Доаѓаат! Доаѓаат!“

Жената печела леб и кога погледнала низ прозорецот видела дека тие кои ги прогонувале христијаните доаѓале кон нејзината куќа. Тие ќе прегледаат сѐ, ќе ги одземат Библиите и песнарките и ќе ги запалат.

Човек: „Отворете! Отворете веднаш!“ (врева од удирање на вратата)

Што да направи? Брзо ја зела Библијата, ја завиткала нејзината најсакана книга во тестото за леб и ја ставила во рерната. Потоа, треперејќи, ја отворила вратата и гледала како мажите почнале да пребаруваат во плакарите и фиоките и да ги разгледуваат сите нејзини нешта.

Каков хаос! Но тие не нашле ништо. Гласно ја искарале и ја треснале вратата при излегувањето (врева од трескање на врата).

Кога сѐ стивнало, жената го извадила печениот леб од рерната и внатре била нејзината Библија, неоштетена.

Во нејзината земја било забрането да се има Библија.

Но таа Му била послушна на Бог повеќе отколку на луѓето и тајно го читала Божјото Слово. Тоа одново ѝ давало сила и храброст секој ден.

(Пушти музика во заднината)

Господовите повелби се праведни, го веселат срцето.
Господовата заповед зрачи светлина, ги просветлува очите.
Стравопочитта кон Господ е чиста, постои довека.
Судовите Господови се вистина, сите се праведни.
Поскапи се од злато и од скапоцени камења.
Послатки се од восочен мед.
Слугата Твој ги пази; а кој ги пази голема награда добива.
(Псалм 19,8–11 МК2006)

Дали имаш дома Библија? Не дозволувај да собира прав на полицата. Читај ја и радувај се за тоа што ти го зборува Бог.

Ако немаш Библија, а сакаш да имаш, те молам кажи ми.

Можеби, Библијата ќе стане твоја најсакана книга.


Улоги: Раскажувач, жена, човек.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on August 08, 2023, at 08:36 AM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)