Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 153 (Does the devil exist 1)
153. Дали постои ѓаволот 1
Дете: „Имам прашање: дали ѓаволот навистина постои? Од каде доаѓа?“
Ѓаволот навистина постои. Неговата приказна почнува на небото.
Дете: „На небото?“
Луцифер бил најубавиот ангел од сите создадени ангели.
Бил создаден да Го слави семоќниот Бог. Но тогаш горди мисли му го освоиле срцето.
Луцифер: „Сакам да бидам најголем. Како Бог! Сакам да владеам над сите. Сакам да бидам Бог“.
Затоа што сакал да биде најголем, наместо да Го слави Најголемиот, живиот Бог го исфрлил од небото.
Оттогаш тој се нарекува ѓавол или Сатана и е Божји непријател. Тој се обидува со секакви лаги да ги збуни и уништи Божјите планови за Неговите луѓе.
Бог сака да живееме – ѓаволот ја сака нашата смрт.
Бог ја сака вистината – ѓаволот е лажго.
Бог сака заедница со луѓето – ѓаволот сака да нè уништи.
Дете: „Му успеало со Адам и Ева. Тие му подлегнале на искушението“.
Ќе ти ја кажам неговата злобна тактика: со цел да ги оддалечи луѓето од Бог, ѓаволот во нивните срца сее сомневања и недоверба против Бог.
Ѓаволот: „Дали Бог навистина рече дека не смеете да јадете од ова дрво? Дали ви забрани да го имате најдоброто?“
Адам и Ева дозволиле да бидат излажани. И поради тоа смртта дошла во светот. Оттогаш секоја личност е одвоена од Бог.
Но Божјата љубов е поголема и затоа вети дека ќе го победи ѓаволот и сè ќе направи повторно добро.
Дете: „Мислам дека зборуваш за Исус, нели?“
Така е. Исус е победникот! Ѓаволот трепери од Неговото име.
Тој знаел од која националност ќе биде Исус при Неговото раѓање, па затоа ги ползувал фараонот и другите да се обиде да ги истреби Евреите.
Но Бог не дозволил Неговиот план да биде уништен. Една вечер во Витлеем се родил Исус.
Исус е победникот! Дојде да ја уништи работата на ѓаволот. Затоа ѓаволот Го мрази и се бори против Него.
Слушај ја следната драма и ќе разбереш за што зборувам.
Улоги: Раскажувач, дете, Луцифер (ѓаволот).
© Copyright: CEF Germany