STORIES for CHILDREN by Sister Farida

(www.wol-children.net)

Search in "Macedonian":

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 146 (Speaking stones 1)

Previous Piece -- Next Piece

DRAMAS -- perform them for other children!
Plays for children to perform

146. Камења што зборуваат 1


Дали собираш нешто? Марки или монети? Полиците на Јаков беа полни со камења.

Андреја: „Леле! Од каде ги најде сите овие камења?“

Јаков: „Оној го најдов на планинарска турнеја. А тоа е парче од Берлинскиот ѕид. Вујко ми го донесе овој од Долината на египетските цареви“.

Андреја: „Секој е различен, обликот, боите“.

Јаков: „Повеќето камења ме потсетуваат на некое искуство што сум го имал“.

Дали знаеше дека и Авраам собирал камења? Не на полица, тие биле многу големи за тоа. Живеел пред околу 4000 години и собирал камења како потсетници и ги поставувал на одредени места.

Андреја: „А зошто?“

Сè почнало кога живиот Бог му проговорил.

Божјиот глас: „Авраам! Остави ја својата татковина и твоите роднини и оди во земјата што ќе ти ја покажам“.

Авраам не Го видел Бог, но јасно Го слушнал и знаел што треба да направи: да се откаже од сè. Бог тоа го бара од некоја личност кога сака да ѝ даде нешто подобро.

Божјиот глас: „Ќе ти покажам нова земја и од тебе ќе направам голем народ. Ќе те благословам и твоето име ќе биде големо“.

Иако Авраам не знаел каде ќе го води патот, тој и сопругата заминале од својата татковина. Затоа што верувал во Бог, тој послушал.

По долго патување Авраам пристигнал во земјата што денес е наречена Израел.

Дали тој мислел дека Бог ќе направи голем народ од него, народ од кој многу години подоцна ќе дојде Исус, нашиот Спасител?

Во таа туѓа земја Авраам повторно го слушнал познатиот глас.

Божјиот глас: „Ќе им ја дадам оваа земја на твоите потомци“.

Тогаш Авраам бил многу сигурен. Тоа бил вистинскиот пат. Бил на својата цел.

Првото нешто што го направил било да изгради олтар. Поставил камен што го потсетувал на Бог и Неговите ветувања.

Потоа, на југ, поставил камен за спомен.

Зошто и ти не собереш колекција од камења во твојата соба? По еден да те потсетува на секое искуство што си го имал со Бог. На пример, кога Бог ти одговорил на молитва или те заштитил, стави мал камен на твојата полица. Тие камења ќе те потсетуваат на Бог и ќе те охрабрат да продолжиш да Му веруваш и да живееш за Него.

Што се случило по ова со Авраам можеш да слушнеш во следната драма.


Улоги: Раскажувач, Андреја, Јаков, Божјиот глас.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on November 09, 2021, at 03:50 PM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)