Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 054 (Someone cries, the others smirk 2)
54. Некој плаче, другите се потсмеваат 2
Далеку од дома, во северен Израел, десет браќа ги чувале овците на татко им додека паселе на пасиштето (звук на блеење на овци).
Завидливоста кон помладиот брат ги обземала.
Првиот брат: „Што прави сонувачот Јосиф деновиве?“
Вториот брат: „Бог, очигледно, му кажал дека ќе стане славен човек. И ние ќе мора да му се поклониме. Ха-ха-ха, тоа е најсмешното нешто што сум го слушнал некогаш“.
Првиот брат: „Сè уште сум љубоморен за убавото палто што татко ни му го даде“.
Вториот брат: „Да не зборуваме за тоа. Тоа само нè вознемирува. Поважно е да се погрижиме да најдеме бујни ливади за стадото“.
А дома, таткото размислувал за синовите.
Таткото: „Јосиф, загрижен сум за твоите браќа. Дали се безбедни? Можеби животни ќе ги нападнат овците. Оди и види дали се добри“.
Немало потреба по петпати да му се кажува на Јосиф што треба да прави. Без да се жали, веднаш послушал. Јосиф требало да оди многу километри. Браќата го виделе оддалеку.
Првиот брат: „Гледајте доаѓа сонувачот. Еј, момчиња, ајде да го убиеме“.
Вториот брат: „Не правете го тоа. Наместо тоа, фрлете го во бунарот“.
Рубен, најстариот брат, го гризела совеста. Сакал да го спаси брат му.
Јосиф дошол поблизу. Не знаел ништо за нивните ужасни планови.
Јосиф: „Мир вам, браќа! Како сте?“
Првиот брат: „Тоа не е твоја работа. Веднаш дај ми го палтото. А потоа ќе ти покажеме како изгледа бунарот одоздола нагоре“.
Јосиф: „Не! Пуштете ме! Што лошо сум направил?“ (звук на паѓање)
За среќа, во бунарот немало вода. Но бил толку длабок што Јосиф не можел да излезе сам.
Јосиф: „Помош! Помош! Извадете ме одовде! Помош! Сакам да излезам. Ме слушате ли? Помош!“
Браќата, насмеани, седнале под сенката и каснале нешто. Одеднаш се појавил карван со камили. Трговци ги носеле своите производи во Египет.
Првиот брат: „Имам идеја. Ајде да го продадеме Јосиф“.
Вториот брат: „Јуда, одлична идеја. Тогаш ќе се ослободиме од него и ќе можеме да ги поделиме парите“.
Договорот бил направен. Браќата го продале Јосиф да биде роб во туѓа земја за 20 сребреници. Го зачувале прекрасното палто и го вратиле кај татко им. Било покриено со крв.
Првиот брат: „Татко, го најдовме ова. Не е ли ова палтото на Јосиф?“
Таткото: „Да, сигурно го растргнало диво животно. Тој е мртов! Мојот син Јосиф е мртов!“
Го покриле својот грев со лага, а нивниот татко им поверувал.
Од нивните срца излегувало само зло. Но Бог тоа го замислил за доброто на Јосиф.
Љубопитен сум како ќе продолжи овој расказ во следната драма. А вие?
Улоги: Раскажувач, двајца браќа, Јосиф, таткото.
© Copyright: CEF Germany