STORIES for CHILDREN by Sister Farida

(www.wol-children.net)

Search in "Macedonian":

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 010 (A Christmas quiz)

Previous Piece -- Next Piece

КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца

10. Божиќен квиз


Денеска го имаме Божиќниот квиз што го ветивме.

Говорник (дете): „Се надевам дека ги знам сите одговори!“

И јас се надевам!

Божиќ е роденденска прослава – роденденот на Господ Исус. Секоја година луѓето го слават Неговиот роденден во целиот свет. И јас. Многу сум среќен што се роди Спасителот на светот.

Кога Исус се родил пред 2000 години, среде ноќ дошол ангел.

„Не плашете се!“ – им рекол ангелот на пастирите кои ги чувале нивните овци. – „Имам добри вести. Радувајте се! Во Давидовиот град ви се роди Спасител; Тој е Месијата, Исус Христос, Господ. Ќе најдете повиено бебе кое лежи во јасли“.

Одеднаш се појавиле многу ангели кои велеле: „Слава на Бог! Спасителот се роди!“

Бог многу ги сака луѓето и Тој многу те сака и тебе!

Сега ќе го почнеме Божиќниот квиз. Дали сте подготвени? Ќе ви дадам два одговори за секое прашање, но само еден е точен. Запишете го точниот одговор. Почнуваме!

1. Каде беше роден Исус? Во Витлеем или во Каиро?

2. Како се викала мајка му на Исус? Сара или Марија?

3. Што работел Јосиф? Електричар или столар?

4. На кого им кажале ангелите дека се родил Спасителот на светот? На пастирите или на Ирод?

Можеш да ни ги испратиш одговорите по е-маил. Или, ако ми пишете, не заборавајте да ја напишете вашата повратна адреса како и вашата возраст, и ќе добиете одговор.

Говорник (дете): „Забавно! Ќе го направам тоа веднаш!“

Мој совет до тебе: Ако имаш Библија, читај во Лука, глава 2, каде што ќе ја најдеш случката за раѓањето на Исус, и таму ќе ги најдеш точните одговори.


Улоги: Раскажувач, дете.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on August 08, 2023, at 08:35 AM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)