Home
Links
Contact
About us
Impressum
Site Map


YouTube Links
App Download


WATERS OF LIFE
WoL AUDIO


عربي
Aymara
Azərbaycanca
Bahasa Indones.
বাংলা
Български
Cebuano
Deutsch
Ελληνικά
English
Español-AM
Español-ES
فارسی
Français
Fulfulde
Gjuha shqipe
Guarani
հայերեն
한국어
עברית
हिन्दी
Italiano
Қазақша
Кыргызча
Македонски
മലയാളം
日本語
O‘zbek
Plattdüütsch
Português
پن٘جابی
Quechua
Română
Русский
Schwyzerdütsch
Srpski/Српски
Slovenščina
Svenska
தமிழ்
Türkçe
Українська
اردو
中文

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 111 (A promise is a promise)

Previous Piece -- Next Piece

КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца

111. Ветувањето си е ветување


Непријател 1: „Откажете се! Ве победивме“.

Непријател 2: „Не потпирајте се на тоа што го вели вашиот цар. Ве лаже!“

Непријател 1: „Нашиот цар Сенахирим е најмоќен!“

Непријател 2: „Ха, вие сте губитници, а не војници“.

Непријател 1: „И, ако зависите од Бог, тогаш е готово“.

Непријателската Асирија го опсадила градот Ерусалим со 200.000 војници.

Мажите на градскиот ѕид биле тивки. Царот Езекија знаел дека нема излез. Но тој имал оружје за кое непријателот не знаел ништо. Оружје кое секогаш победува.

Toa оружје не можело да се најде во оружарницата, туку во неговото срце: доверба во Бог. Кој го има ова оружје никогаш не треба да се плаши од непријателот.

Гласникот на Езекија: „Царе Езекија, ова е писмо од Сенахирим“.

Езекија: „Не плашете се. Бог е на наша страна. Имајте доверба во Него!“

Езекија го зел писмото, отишол во Храмот и се молел:

Езекија: „Господе, Ти си нашиот Бог. Само Ти си цар. Спаси нè за сите да видат дека си жив Бог“.

Некои луѓе мислат дека, кога веруваат во Бог, сè во животот ќе биде лесно. Но во Библијата воопшто не се поучува тоа. Бог дозволува да ни се случуваат тешки нешта. Тие се тестови за да видиме дали навистина Му веруваме.

Езекија го положил овој тест и Бог му рекол:

„Така вели Господ Бог: ги слушнав твоите молитви. Непријателот нема да може да истрела ниедна стрела во градот“.

Навистина? Ниедна стрела?

Следниот ден сите се увериле во тоа.

Човек: „Види го ова! Непријателот е поразен!“

Човек: „Трупови насекаде. Кој го победи непријателот?“

Во Библијата пишува дека ноќта Бог испратил ангел. И ангелот убил 185.000 непријателски војници. Затоа ниедна стрела не била истрелана во градот.

Тоа што Бог го ветува го исполнува.

Можеме целосно да Му веруваме, како што се вели во Библијата во Псалм 33, стих 4:

„Зашто словото на Господ е право и сите дела Негови се извршени во верност“.

Читај го Божјото Слово и зависи од него. Тогаш ќе дознаеш дека Богот на Езекија е ист денес, како што бил тогаш. Тоа што Бог го ветува го исполнува.

Пиши ми, ако немаш Библија. Ќе добиеш една како подарок.


Улоги: Раскажувач, двајца непријатели, Езекија, гласникот на Езекија, човек.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on August 08, 2023, at 08:56 AM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)