Home
Links
Contact
About us
Impressum
Site Map


YouTube Links
App Download


WATERS OF LIFE
WoL AUDIO


عربي
Aymara
Azərbaycanca
Bahasa Indones.
বাংলা
Български
Cebuano
Deutsch
Ελληνικά
English
Español-AM
Español-ES
فارسی
Français
Fulfulde
Gjuha shqipe
Guarani
հայերեն
한국어
עברית
हिन्दी
Italiano
Қазақша
Кыргызча
Македонски
മലയാളം
日本語
O‘zbek
Plattdüütsch
Português
پن٘جابی
Quechua
Română
Русский
Schwyzerdütsch
Srpski/Српски
Slovenščina
Svenska
தமிழ்
Türkçe
Українська
اردو
中文

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 110 (Only 8 and already King)

Previous Piece -- Next Piece

КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца

110. На 8 години и веќе цар


(звук на метеж) Заговор против царот Амон.

Неговото име значи верен и сигурен. Но не бил. Особено не во однос на Бог. Обожавал фигури направени од дрво и камен. Обожавањето идоли е ужасна навреда за Бог.

Слугата: „Ќе го убиеме. Тој е во неговата соба“.

(звук на отворање врата, метеж, извици)

Царот Амон бил убиен од неговите слуги. Неговиот син станал нов цар.

Дали си слушнал за Јосија? Станал цар кога имал само 8 години.

Дали ќе Го навреди Бог како татко му? Или дали ќе Го сака Бог?

Начинот на кој во Библијата се опишува неговиот живот е прекрасен: Јосија правел сè што Му е угодно на Бог.

Дали ова те опишува и тебе? Ова би можело да биде и твоето животно мото, зашто Исус проштава сè што правиме, што не Му е угодно на Бог. Можеш да го замолиш да ти прости. Ќе те слушне.

Јосија Го сакал Бог. Кога пораснал ги уништил сите идоли во целата земја. Сè што Го навредувало Бог било уништено.

Зар не треба и ти да ги исчистиш нештата во твојот живот? Валканите видеа и списанија? Нешта под твојот кревет и во плакарот кои го навредуваат Бог?

Јосија ги довел нештата во ред. Го направил тоа доброволно затоа што Го сакал Бог.

Јосија: „Само погледнете го Храмот. Божјиот дом изгледа како ѓубриште. Ова е навреда за нашиот Бог. Купете градежни материјали и почнете со работа!“ (градежна бучава)

Свештеникот: „Видете што најдов. Во задниот агол беа овие свитоци. Дојдете да му ги однесеме на царот Јосија“.

Божјото Слово, Библијата, стоело во аголот. Не е ни чудно што Бог Го немал првото место во нивните животи.

Свештеникот: „Царе Јосија, ги најдовме овие свитоци во урнатините“.

Цар Јосија: „Прочитајте ги гласно“.

Царот слушнал што прави Бог со тие кои не Го сакаат со сето свое срце. Вчудовиден, седнал на земјата и почнал да плаче. Му било многу жал што неговиот народ толку многу Го навредил Бог.

Набрзо потоа Бог му рекол:

Бог: „Ќе го казнам овој град. Но затоа што ти Ме сакаш, ќе те поштедам“.

Царот Јосија ги поканил децата и возрасните луѓе на служба и ги замолил да Го сакаат Бог и Тој да го има првото место во нивните животи.

Би ја прифатил ли ти оваа покана?


Улоги: Раскажувач, слуга, Јосија, свештеник, Бог.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on August 08, 2023, at 08:56 AM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)