Home
Links
Contact
About us
Impressum
Site Map


YouTube Links
App Download


WATERS OF LIFE
WoL AUDIO


عربي
Aymara
Azərbaycanca
Bahasa Indones.
বাংলা
Български
Cebuano
Deutsch
Ελληνικά
English
Español-AM
Español-ES
فارسی
Français
Fulfulde
Gjuha shqipe
Guarani
հայերեն
한국어
עברית
हिन्दी
Italiano
Қазақша
Кыргызча
Македонски
മലയാളം
日本語
O‘zbek
Plattdüütsch
Português
پن٘جابی
Quechua
Română
Русский
Schwyzerdütsch
Srpski/Српски
Slovenščina
Svenska
தமிழ்
Türkçe
Українська
اردو
中文

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 056 (God forgets no one 4)

Previous Piece -- Next Piece

КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца

56. Бог никого не го заборава 4


Јосиф чекал. Поминала една недела, а потоа друга. Еден месец. Два месеци… поминало многу време, а Јосиф размислувал:

Јосиф: „Не сум виновен, но сум овде в затвор. Зошто некој не ме извади одовде?“

Еден затвореник кој бил ослободен му ветил на Јосиф дека ќе разговара со фараонот за него. Но сосема заборавил на Јосиф. Оттогаш поминале две долги години. Но имало еден кој не го заборавил Јосиф. Бог. Тој му ветил на Јосиф дека ќе биде голем управител. И тогаш Бог почнал да го исполнува Своето ветување.

Фараонот сонувал. Но никој не можел да му каже што значи сонот. Бил вознемирен. Тогаш слугата, кој му служел на фараонот, наеднаш се сетил на нешто.

Слугата: „Познавам некого кој може да толкува сонови. Јосиф. В затвор е, но е невин. Целосно го заборавив“.

Фараонот: „Веднаш донесете го кај мене“.

Заповедта на фараонот била исполнета.

Јосиф дошол пред владетелот на Египет и му се поклонил.

Фараонот: „Слушнав дека можеш да толкуваш сонови“.

Јосиф: „Моќен фараону, јас не можам да го направам тоа, но Бог може“.

Фараонот: „Сонував како стојам покрај Нил. Седум дебели крави излегоа од водата, но беа изедени од седум грди крави. Потоа сонував седум дебели класови кои беа проголтани од седум тенки класови. Што значи тоа? Можеш ли да ми кажеш?“

Јосиф: „Бог ти кажува дека доаѓаат седум плодни години. Во Египет ќе има изобилна жетва. Но потоа ќе следат седум години глад. Нема ништо да се роди. Тоа сигурно ќе се случи. Најдоброто нешто што треба да се направи е да се најде мудар човек кој може да го собира житото во годините на изобилство, така што луѓето нема да гладуваат за време на седумте години глад“.

Таа идеја му се допаднала на фараонот.

Фараонот: „Јосиф, ти си тој човек. Бог е со тебе. Те именувам како мој помошник. Секој во Египет мора да те почитува“.

Така Јосиф станал втор најмоќен човек во земјата! Тој одвај можел да поверува. Бог не го заборавил, дури и ако понекогаш изгледало така.

Браќата го мразеле, го продале како роб, а потоа бил затворен, иако бил невин.

Забележа ли дека Јосиф издржал десет тешки години? Тоа би требало да те охрабри. Бог никого не заборава. Дури ни тебе. Верувај Му и довери Му го твојот живот. Ќе се восхитиш од тоа што Бог го направил преку Јосиф.

Затоа биди сигурен дека ќе ја слушаш следната драма.


Улоги: Раскажувач, Јосиф, слуга, фараон.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on August 08, 2023, at 08:45 AM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)