Home
Links
Contact
About us
Impressum
Site Map


YouTube Links
App Download


WATERS OF LIFE
WoL AUDIO


عربي
Aymara
Azərbaycanca
Bahasa Indones.
বাংলা
Български
Cebuano
Deutsch
Ελληνικά
English
Español-AM
Español-ES
فارسی
Français
Fulfulde
Gjuha shqipe
Guarani
հայերեն
한국어
עברית
हिन्दी
Italiano
Қазақша
Кыргызча
Македонски
മലയാളം
日本語
O‘zbek
Plattdüütsch
Português
پن٘جابی
Quechua
Română
Русский
Schwyzerdütsch
Srpski/Српски
Slovenščina
Svenska
தமிழ்
Türkçe
Українська
اردو
中文

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 033 (Farewell from the mountain)

Previous Piece -- Next Piece

КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца

33. Догледање од планината


Момче: „Ура-а-а! Во четврток не учиме затоа што е празник!“

Девојче: „Каков празник е?“

Момче: „Ден на Вознесението“.

Девојче: „Што воопшто значи тоа?“

Момче: „Па, не сум наполно сигурен“.

Треба ли да ви објаснам?

Момче: „Да, би сакале да дознаеме“.

Денот на Вознесението нè потсетува дека Исус се вратил на небото откога ја исполнил Неговата задача овде на земјата. Тоа се случило точно четириесет дена по Велигден. За време на тие четириесет дена Исус постојано им се појавувал на Неговите ученици. Тие Го виделе, Го слушале, јаделе со Него. Во еден ден Тој им се појавил на повеќе од 500 луѓе истовремено.

И четириесет дена по Велигден Тој се качил со Своите ученици на Маслиновата Гора. Сакал да биде Сам со нив и да им каже нешто многу важно пред да замине.

Исус: „Ја исполнив задачата што ми ја даде Бог. Сега одете кај секој човек во целиот свет и кажете им дека умрев за нив и воскреснав. Кажете им да побараат од Мене да бидам нивен Господ и тогаш, еден ден, ќе бидат во рајот со Мене. И запомнете, Јас ќе бидам секогаш со вас и ќе ви давам сила да им кажувате на другите луѓе за Мене“.

Тогаш Исус ги дигнал рацете и ги благословил учениците. И додека го правел тоа, одеднаш исчезнал и облак го скрил од нивните погледи додека одел во невидливиот свет на Бог.

Момче: „И што прави сега Исус на небото?“

Тој управува со сè, одговара на нашите молитви и се моли на Бог за нас.

А за тие кои веруваат во Него Тој им подготвува место за да живеат таму.

Девојче: „Го прочитав тоа во Библијата. Еве тука. Исус вели: Во домот на Мојот Татко има многу соби; … одам таму да ви подготвам место“.

Момче: „Дали учениците биле тажни што Исус веќе не бил со нив?“

Воопшто не. Знаеле дека тоа што го ветил ќе го исполни.

Момче: „Какво ветување?“

Ќе ви кажам за него во следната драма.


Улоги: Раскажувач, момче, девојче, Исус.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on August 08, 2023, at 08:40 AM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)