STORIES for CHILDREN by Sister Farida(www.wol-children.net) |
|
Home عربي |
Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 026 (A friend betrays Jesus) This page in: -- Albanian -- Arabic? -- Armenian -- Aymara -- Azeri -- Bengali -- Bulgarian -- Cebuano -- Chinese -- English -- Farsi -- French -- Fulfulde -- German -- Greek -- Guarani -- Hebrew -- Hindi -- Indonesian -- Italian -- Japanese -- Kazakh -- Korean -- Kyrgyz -- MACEDONIAN -- Malayalam? -- Platt (Low German) -- Portuguese -- Punjabi -- Quechua -- Romanian -- Russian -- Serbian -- Slovene -- Spanish-AM -- Spanish-ES -- Swedish -- Swiss German? -- Tamil -- Turkish -- Ukrainian -- Urdu -- Uzbek
КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца
26. Пријател го предава на ИсусПријател или непријател? Што мислиш? Тој брзо одел по тесните улици на Ерусалим. Загрижен, погледнал зад себе и конечно пристигнал во куќата на Првосвештеникот. Зад затворена врата биле направени плановите. Тие луѓе сакале да го убијат Исус. Некој ја отворил вратата и бил изненаден кога го видел ученикот на Исус како стои таму. Пријател оди кај непријателот – што треба да значи тоа? Јуда: „Што ќе ми дадете, ако ви го кажам местото каде што можете да го фатите Исус?“ На лицата на присутните се појавила злобна насмевка. Првосвештеникот: „Ќе ти дадеме 30 сребреници“. Договорот бил брзо склучен. Задоволен од самиот себе, Јуда заминал од палатата. Совеста: „Јуда, ти си ученик на Исус. Како можеше да го предадеш за неколку парички?“ Неговата совест сигурно го осудувала многу. Цели три години тој бил – барем надворешно – пријател, но неговото срце било далеку од Исус. И дотогаш го чекал вистинскиот миг да го предаде Исус. Но Исус знаел сè; Тој целосно ја познавал секоја личност. Тоа морало да се случи. Исус знаел дека треба да умре и се молел во градината во Гетсеманија. Одеднаш се слушнале многу гласови и викотници. Јуда и војниците дошле со факли и мечови. Пријател или непријател? Еднаш Исус рекол: „Кој не е со Мене тој е против Мене“. Со бакнеж, што е знак за пријателство, Јуда го предал неговиот Господ. Брзи како молња војниците скокнале и го фатиле Исус. Тие кон Него се однесувале многу свирепо. Го тепале, Го камшикувале и Го плукале в лице. Потоа тие Го одвлечкале невиниот до судијата. Лажни сведоци Го обвиниле. Храмскиот служител викнал: Храмски служител: „Ништо ли нема да кажеш во своја одбрана?“ Исус молчел и не кажал ништо. Првосвештеникот: „Кажи ни сега – дали Ти си Божји Син?“ Исус: „Јас Сум Тој“. Луѓето: „Никогаш!“ Луѓето: „Не Му веруваме!“ Луѓето: „Тој заслужува смрт!“ Луѓето: „Однесете Го!“ Луѓето: „Тој мора да умре!“ Тие не сакале да поверуваат. А потоа? Расказот продолжува во следната драма. Улоги: Раскажувач (& совест), Јуда, Првосвештеник, Храмски служител, Исус, луѓе. © Copyright: CEF Germany |