Home
Links
Contact
About us
Impressum
Site Map


YouTube Links
App Download


WATERS OF LIFE
WoL AUDIO


عربي
Aymara
Azərbaycanca
Bahasa Indones.
বাংলা
Български
Cebuano
Deutsch
Ελληνικά
English
Español-AM
Español-ES
فارسی
Français
Fulfulde
Gjuha shqipe
Guarani
հայերեն
한국어
עברית
हिन्दी
Italiano
Қазақша
Кыргызча
Македонски
മലയാളം
日本語
O‘zbek
Plattdüütsch
Português
پن٘جابی
Quechua
Română
Русский
Schwyzerdütsch
Srpski/Српски
Slovenščina
Svenska
தமிழ்
Türkçe
Українська
اردو
中文

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 021 (Sin begins little by little 6)

Previous Piece -- Next Piece

КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца

21. Гревот започнува малку по малку 6


Царот Ахав одел напред – назад во неговата палата. Уште еднаш се потпрел на прозорецот и се восхитувал на лозјето.

Ахав: „Морам да го имам тоа лозје! Тоа е веднаш до мојата палата. Од него би можел да направам прекрасна градина, па дури и да одгледувам зеленчук“.

Тој отишол кај сопственикот.

Ахав: „Навутеј, продај ми го твоето лозје“.

Навутеј: „Не е можно! Ова парче земја ми е наследство од моите татковци. Не ни е дозволено да продаваме наследство – таков е Божјиот закон“.

Без да каже догледање, Ахав заминал и отишол дома навреден. Одеднаш, легнал на својот кревет.

Дали се лутиш кога не го добиваш тоа што го сакаш?

Царот Ахав го свртел своето намуртено лице кон ѕидот.

Језавела: „Што се случува со тебе?“

Кога Језавела слушнала што го мачи, рекла:

Језавела: „Стани и насмевни се. Ќе се погрижам да го добиеш тоа што го сакаш“.

Царицата напишала писмо до градските советници, го фалсификувала потписот на царот и го запечатила писмото со прстенот на царот.

Градските советници ги прочитале следниве зборови: „Организирајте забава и поканете го Навутеј. Потоа обвинете го и кажете: ’Ти хулеше на Бог и на царот; затоа мораш да умреш‘ “.

И така се случило. Без сомнение, Навутеј ја прифатил поканата и на крајот од вечерта бил мртов.

Зар не е ужасно колку мал грев може да прерасне во толку страшен?

Гледање – посакување – завист – гордост – да бидеш навреден – лаги – и потоа убиство!

Веста за смртта на Навутеј се ширела брзо. Потоа царот Ахав отишол да го земе лозјето како свое. Но тој постапил без да размисли што ќе мисли Бог. Одеднаш Илија застанал пред него. Ахав пребледел како дух.

Ахав: „Значи сега ме најде, непријателу?“

Илија: „Да, те најдов. Се продаде да грешиш и дозволи тоа да расте во твоето срце. Бог го мрази гревот и ќе те уништи тебе и твоето семејство“.

Царот размислувал за овие зборови постојано. Му било жал за сѐ што направил. И Бог го видел неговото срце и бил милостив кон него.

Кога ги исповедаме нашите гревови на Господ Исус, Тој е верен и ќе ни прости за нашиот грев.


Улоги: Раскажувач, Ахав, Језавела, Навутеј, Илија.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on August 08, 2023, at 08:37 AM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)