STORIES for CHILDREN by Sister Farida(www.wol-children.net) |
|
Home عربي |
Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 018 (Breakfast per airmail 3) This page in: -- Albanian -- Arabic? -- Armenian -- Aymara -- Azeri -- Bengali -- Bulgarian -- Cebuano -- Chinese -- English -- Farsi -- French -- Fulfulde -- German -- Greek -- Guarani -- Hebrew -- Hindi -- Indonesian -- Italian -- Japanese -- Kazakh -- Korean -- Kyrgyz -- MACEDONIAN -- Malayalam? -- Platt (Low German) -- Portuguese -- Punjabi -- Quechua -- Romanian -- Russian -- Serbian -- Slovene -- Spanish-AM -- Spanish-ES -- Swedish -- Swiss German? -- Tamil -- Turkish -- Ukrainian -- Urdu -- Uzbek
КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца
18. Појадок по воздушна пошта 3Со брзи чекори Илија излегол од палатата на царот. Едно било јасно: не можел да губи време бидејќи безбожниот цар ќе направел сѐ што е во негова моќ да го убие Илија. Тој не се плашел, бидејќи знаел дека Бог е верен и нема да го напушти. Бог на пророкот му зборувал многу јасно. Бог: „Илија, оди одовде. Оди на исток и скриј се кај потокот Керит. Таму можеш да пиеш од потокот, а Јас ќе обезбедам храна за тебе“. Дали знаеш како Бог го направил тоа? Тој испратил гаврани кои на Илија му носеле месо и леб. Тоа прекрасно нешто навистина се случило: Бог испраќал храна по „воздушна пошта“ за појадок и вечера на Илија. Бог е верен. Сè што му било потребно на Неговиот слуга, Бог му дал. Скришно место, храна и пијалак. Во тоа време многу луѓе имале тежок живот. Немало дожд, немало жетва и немало храна за јадење. Најпосле се исушил дури и потокот Керит. Кога се случило тоа, Бог му покажал на Илија друг пат – до Сарепта, што се наоѓала преку границата. На влезот на градот тој замолил една жена: Илија: „Дај ми чаша вода и парче леб“. Жената тажно го погледнала и кажала со уморен глас: Жена: „Немам повеќе ништо. Ми остана само грст брашно во садот, а во стомната има неколку капки масло. Тоа е сè што имам. Сега само што сакав да направам нешто за да јадеме јас и мојот син. Доволно е за уште еден оброк, а потоа... ќе умреме“. Илија: „Не плаши се! Бог ме испрати кај тебе. Тој рече дека брашното нема да се потроши и стомната со масло нема да биде празна сѐ додека трае оваа суша“. Бог е верен! Што и да вети секогаш ќе го исполни. Брашното не исчезнало; стомната со масло не се исушила, иако жената ги употребувала двете нешта секој ден со цел да направи нешто за јадење. Пророкот Илија, жената и нејзиниот син секогаш имале доволно. Зар тоа не е прекрасно! Бог е верен! Секогаш можеш да зависиш од Него! Улоги: Раскажувач, Бог, Илија, жена. © Copyright: CEF Germany |