STORIES for CHILDREN by Sister Farida

(www.wol-children.net)

Search in "Macedonian":

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 162 (Detective seeks coworkers)

Previous Piece -- Next Piece

КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца

162. Детектив бара соработници


Тој е под стрес и му се потребни помошници за интересна работа.

Можеш ли да му помогнеш? Ќе се појави во секој миг.

(звук на ѕвонче) Тоа сигурно е тој.

Детективот: „Здраво! Се викам Дуле Душкалото. Јас сум детектив. Ти си ми потребен! Да, ти! Мора да решам 1000 случаи“.

Сега претеруваш.

Детективот: „Добро, тогаш само 999! Еве го првиот случај. Многу е мистериозен. Но е многу итен случај, за да не се случи многу мои клиенти да бидат измамени од него. Тој е измамник! Измамник кој краде пари од џебовите на луѓето. Но не за долго. Мора да го фатиш. Карактеристики: доста мал, но атлетски граден“.

Повеќе информации за оваа личност можеш да најдеш во Библијата, во Евангелието според Лука, глава 19, стих 2.

Лука 19, стих 2 ќе ти помогне во истражувањето.

Ако немаш Библија, пиши ми и ќе ти испратам една.

Детективот: „Во вториот случај треба многу да внимаваш. Овој тип употребува оружје. Го колне живиот Бог со страшни зборови. Тешко му е да ги скрие трагите. Големината не неговите чевли, веројатно, е 73!“

Запиши каде можеш да го најдеш во Библијата:

1 Самоил 17, стих 4. Повторувам: 1 Самоил 17, стих 4.

Ако не можеш да се снајдеш во Библијата, послужи се со содржината.

Детективот: „Третиот случај е особено важен за мене. Овој човек последно беше виден покрај реката. Облеката му беше направена од влакна од камила, а омилена храна не му е помфрит, туку скакулци и див мед (звук на чистење на грлото, кашлање).
Ги кани сите да живеат со Бог и да се свртат од нивните гревови. Многумина го слушаат и слободно го признаваат гревот. Кога ќе го најдам овој човек, ќе ми заврши стресот“.

Натамошни траги може да се најдат во Матеј 3, стих 1. Матеј 3, стих 1.

И во истата книга во Библијата, во Матеј 1, стих 21 ќе откриеш со кого се поврза овој човек.

Детективот Дуле Душкалото сака да ни ги испратиш твоите одговори.

Детективот: „Тоа е вистина! Те молам побрзај! Овие случаи се итни“.

Ти посакувам многу забава во решавањето на случаите.

Детективот: „Детективот Дуле Душкалото“.


Улоги: Раскажувач, детективот Дуле Душкалото.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on August 08, 2023, at 09:07 AM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)