STORIES for CHILDREN by Sister Farida

(www.wol-children.net)

Search in "Macedonian":

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 126 (So close – and yet so far)

Previous Piece -- Next Piece

КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца

126. Толку блиску, а сепак толку далеку


Човек: „Само да го имав „тоа“, што и да е „тоа“. Ми недостига нешто. Како во светот можам да го добијам тоа?“

Нешто недостасуваше во животот на младиот управник. Иако никој не го забележа тоа. Тој беше успешен, добро изгледаше и беше многу богат.

Но нешто му недостасуваше. И тој го знаеше тоа. Може ли тоа да недостасува и во твојот живот? Тој немаше мир во врска со тоа. Како да го добие? Исус требаше да го знае одговорот.

Човек: „Учителе добар, што треба да направам за да добијам вечен живот?“

Тоа беше она што недостасуваше. Вечен живот што почнува со вера во Исус и продолжува на небото откога ќе умреме. Го сакаше тоа.

Исус: „Ако сакаш вечен живот, тогаш исполнувај ги заповедите: Не кради, не врши прељуба, не лажи, не убивај, почитувај ги татко ти и мајка ти“.

Човек: „Ги исполнувам тие заповеди целиот мој живот“.

Дали можеш да го дадеш тој одговор?

Исус: „Тогаш продај сè што имаш и раздели им го на сиромашните луѓе. И дојди следи Ме“.

Кога младиот управник го слушна тоа, беше многу изненаден зашто беше многу богат. Тажен, се сврти настрана. Парите му беа многу поважни од Исус и вечниот живот.

Девојче: „Не може ли човек да биде богат и сè уште да Го следи Исус?“

Се разбира. Прашањето повеќе е: што е на прво место? Ајде да направиме еден експеримент.

Девојче: „За што служи свеќата?“

Ја споредувам свеќата со Исус, Кој е Светлината на светот.

Момче: „Може ли да ја запалам?“ (звук на палење кибритче)

Девојче: „Гори многу убаво“.

Што ќе се случи, ако држев банкнота од 1000 денари пред свеќата?

Девојче: „Парите ќе ја скриеја светлината“.

Девојче: „Сфатив! Парите му биле највисока вредност, а Исус бил на второ место“.

Девојче: „Тие го одвојуваа од Исус“.

Можеше да заврши поинаку. Сега ќе ги ставам парите зад свеќата.

Момче: „Сега Исус е на прво место, а парите светкаат“.

Гледаш ли колку е важен редоследот на приоритетите? Во животот на богатиот млад управник, парите биле на прво место. Поради оваа причина, колку што знаеме, го пропуштил вечниот живот на небото.

Многу е лошо што неговата приказна завршила така.

Се надевам дека твојот живот со Исус ќе има „среќен крај“. Продолжи да се прашуваш дали има нешто во твојот живот што е пред Исус.


Улоги: Раскажувач, човек, Исус, девојче, момче.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on August 08, 2023, at 08:59 AM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)