Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 101 (Wellhidden 1)
101. Добро скриен 1
Патрик дојде среќен на детскиот час. Се смеевме кога рече: имам бебе.
Пред многу, многу години во Египет, Мирјам била многу среќна што добила братче. Било многу убаво! Но Мирјам не можела никому да каже за него. Мајка ѝ била принудена да го крие поради ужасната заповед на фараонот.
Фараонот: „Бројот на Израелците постојано се зголемува. Се плашам дека ќе ни станат непријатели. Им заповедам на моите луѓе: секогаш кога Израелка ќе роди син, треба веднаш да го фрлите во реката Нил“.
Ужасна заповед за убиство! Зар не било доволно што фараонот ги принудил Израелците да му бидат робови?
Но родителите на малото момче Му верувале на Бог и го криеле синот три месеци. А Божјата невидлива рака го заштитила малото дете. Но, како што растело, не можеле да го кријат долго.
Мирјам: „Мамо, што правиш со трските?“
Мајката: „Плетам кошница. А сега правам и капак. Може ли, те молам, да ми го подадеш садот со катран?“
Мирјам: „За што ти треба?“
Мајката: „За да биде кошницата водоотпорна. Мирјам, треба да се откажеме од нашето скапоцено богатство“.
Мирјам: „Што ќе правиш со него?“
Мајката: „Ќе го ставам во кошницата и ќе го оставам во високата трева на брегот на реката Нил“.
Мирјам: „А потоа?“
Мајката: „Тогаш ќе почекаме да видиме како Божјата невидлива рака ќе го штити“.
Тивко отишле до реката. Тоа не било лесно за мајката, но го направила тоа затоа што Му верувала на Бог.
Мајката: „Мирјам, скриј се во трските и внимавај што ќе се случи. Не треба да ме видат овде, па затоа ќе се вратам дома“.
Тогаш некој дошол. Ќерката на фараонот дошла со слугинките да се бања во Нил.
Принцезата: „Што е тоа? Донесете ми ја таа убава кошница“.
Срцето на Мирјам чукало силно. Дали принцезата ќе го фрли брат ѝ во реката Нил? (звук на плачење на бебе)
Принцезата: „Ова е израелско момче. Жал ми е за него“.
Мирјам излегла од скривалиштето.
Мирјам: „Треба ли да најдам мајка што може да го дои бебето за вас?“
Принцезата: „Тоа е добра идеја. Направи така“.
Можеш да замислиш која мајка ја нашла Мирјам. Мајката на бебето си го добила бебето назад и ѝ било дозволено да се грижи за него неколку години. Со цело срце Му се заблагодариле на Бог за Неговата невидлива рака која прекрасно го заштитила бебето. Вистина е дека Бог често те заштитувал, нели? Одвој сега време да Му се заблагодариш за заштитата.
Улоги: Раскажувач, фараонот, Мирјам, Мајката, принцезата.
© Copyright: CEF Germany