Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 065 (Missing for three days)
65. Го нема три дена
(звук на патници на патот)
Првиот патник: „Нема многу брзо да ја заборавам оваа прослава“.
Вториот патник: „Беше прекрасно“.
Првиот патник: „Ние сме привилегирани. Имаме Бог Кој нè ослободи. Следната година повторно ќе одам во Ерусалим“.
Марија: „Мир вам. Го видовте ли нашиот син?“
Јосиф: „Исчезна. Тој е 12-годишен“.
Вториот патник: „Можеби, е напред, со некои други луѓе“.
Марија и Јосиф го барале Исус. Бил првпат со нив во Ерусалим. На пат кон дома, одеднаш исчезнал.
Марија: „Јосиф, загрижена сум за него“.
Јосиф: „Треба да се вратиме и да го побараме во градот“.
Насекаде прашувале за нивниот 12-годишен син. Никој не го видел Исус. По три дена конечно го нашле во Храмот. Биле зачудени затоа што бил во Божјиот дом и разговарал за Библијата со библиските учители. И тие биле восхитени од неговите прашања и одговори.
Марија: „Зошто си овде? Те баравме насекаде и се загриживме за тебе“.
Исус: „Зошто ме барате? Не знаете ли дека треба да бидам во домот на мојот Татко?“
Првпат Исус Го нарекол Бог Свој Татко и на тој начин се претставил себеси како Божји Син.
И Исус, Божјиот Син, еднаш бил дете како тебе. Тој бил целосно човек. Се смеел и плачел како тебе. Јадел и спиел како тебе. Требало да учи исто како ти. Секогаш ги слушал родителите, како тебе. Можам да слушнам како се смееш! Зар не ги слушаш секогаш родителите?
Во Библијата пишува: „Деца, слушајте ги родителите“. Исус бил секогаш послушен. Тој никогаш не кажал или не направил нешто грешно. Никогаш не лажел, никогаш не крадел. Бил без грев. Послушноста била радост за Него. Затоа се вратил со Марија и Јосиф во Назарет.
Ако сакаш да Му бидеш послушен на Исус, ќе ти помогне да го следиш Неговиот пример. Замоли Го и ќе ти прости за сета непослушност.
Кога ќе избереш да живееш со Него, ќе ти помогне да живееш на начин кој му е угоден на Бог.
Кога Исус живее во твоето срце, може дури да биде забавно да се фрли ѓубрето, да се мијат садови или да се испразни машината за садови. Вреди да се обидеш да живееш со Исус.
Улоги: Раскажувач, двајца патници, Марија, Јосиф, Исус.
© Copyright: CEF Germany