STORIES for CHILDREN by Sister Farida

(www.wol-children.net)

Search in "Macedonian":

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 053 (Envy has terrible consequences 1)

Previous Piece -- Next Piece

КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца

53. Зависта има страшни последици 1


Имаш ли браќа и сестри? Се согласуваш ли со нив или понекогаш се карате и си кажувате лоши зборови едни на други? Вистина е, можеме да научиме да се согласуваме едни со други.

Во семејството на Јаков сè уште го немаа научено ова. Расказот за нив е во Библијата. Замисли само, во едно семејство имало дванаесет браќа. Се случувале многу нешта!

Првиот брат: „Доста ми е од ова. Јосиф секогаш го добива најдоброто“.

Вториот брат: „Никој ништо не му вели на овој предавников“.

Првиот брат: „Ние се измачивме од работа, а татко ни му дава што ќе посака“.

Вториот брат: „Тоа расипано детиште! Дали го видовте новото палто што му го дадоа?“

Првиот брат: „Татко ни го сака повеќе од нас. Тоа не е чесно!“

Браќата биле завидливи. Дали некогаш си размислувал или си зборувал како нив? Завидливоста во нашите срца има лоши последици. Тоа е како плевел што создава само лоши карактеристики: љубомора, омраза, борба.

Знам за себе дека најдоброто нешто што треба да се направи е веднаш да разговарам со Исус за тоа, а потоа да Го замолам да ја земе завидливоста од моето срце.

Браќата на Јосиф не го направиле најдоброто: да побараат прошка. Затоа нивната завидливост постојано растела. Го мразеле Јосиф и се однесувале кон него како да бил невидлив. На Јосиф му било тешко да се чувствува отфрлен во своето семејство, а згора на тоа да биде исмејуван. Но тој не им вратил на ист начин. Бог му дал сила да го издржи сето тоа. Бог му зборувал на Јосиф во сон. Следното утро тој им го раскажал сонот на браќата.

Јосиф: „Сонував дека собираме жито и заедно ги врзуваме сноповите. Одеднаш мојот сноп застана на средина и вашите снопови му се поклонија“.

Првиот брат: „Што треба да значи тоа? Да не сакаш да станеш наш крал?“

Јосиф: „Потоа, сонував дека Сонцето, Месечината и единаесет ѕвезди ми се поклонија“.

Вториот брат: „Молчи сонувачу. Премногу се занесуваш“.

Ќе било подобро Јосиф да не им каже за тоа што Бог му го кажал во соништата. Зашто потоа браќата го мразеле уште повеќе. Дури посакувале да не живее повеќе. Можете ли да видите какви последици има завидливоста?

Дури и таткото на Јосиф го карал, но тој не можел да ги заборави соништата.

Што значи сето ова?

Ќе слушнеш повеќе во следната драма.


Улоги: Раскажувач, Јосиф, двајца браќа.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on August 08, 2023, at 08:44 AM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)