Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 037 (Jumping with joy at 15.00 o’clock)
37. Скокање од радост во 3 попладне
Човек: „Тоа, едноставно, не е можно!“
Жена: „О, да можно е! Види! Тој може да оди“.
Човек: „Можеби, има некој сличен на него“.
Жена: „Јас сум сигурна дека е тој. Тој беше 40 години сакат, а сега може да оди“.
Човек: „Зар тоа не е чудо! Никогаш не сум видел нешто како ова“.
Жена: „Види колку е среќен. Толку е среќен што скока од радост“.
Вистина е: Тој одел и скокал и го славел Бог. Луѓето се загледале во него и во Петар.
Петар: „Зошто гледате во нас како ние да направивме овој сакат човек повторно да оди? Исус го направи тоа! Верувањето во Негово име може да направи чуда“.
Денот всушност почнал како сите други денови. Напладне Петар и Јован отишле во храмот. Тоа било нивна навика, молење секој ден во храмот во 3:00 часот. Кога се молиш ти?
На влезот тие биле задржани. Еден сакат питач им ја подал раката:
Сакатиот човек: „Не одминувајте ме! Имајте милост кон мене! Ве молам дајте ми пари“.
Петар и Јован го погледнале питачот и Петар рекол:
Петар: „Немам ни сребро ни злато. Не сум богат. Но тоа што го имам ти го давам: Во името на Господ Исус Христос, стани и оди“.
Тогаш Петар го фатил за раката и му помогнал да стане. Се случило чудо. Нозете и зглобовите на човекот за миг станале силни и цврсти. Тој скокнал и можел да стои и да оди.
Човекот не можел да верува. Бил повторно здрав! Одел, скокал и Му благодарел на Бог. Пресреќен Го славел Бог и сите кои го виделе го направиле истото.
Исус сака да прави чуда во твојот живот; верувај Му.
Улоги: Раскажувач, човек, жена, Петар, сакатиот човек.
© Copyright: CEF Germany