STORIES for CHILDREN by Sister Farida

(www.wol-children.net)

Search in "Macedonian":

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 036 (Identifying love)

Previous Piece -- Next Piece

КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца

36. Откривање на љубовта


Како препознаваш јаболкница?

Дете: „Според фактот дека на дрвото растат јаболка“.

Како го препознаваш дрвото на цреша?

Дете: „Според фактот дека на дрвото растат цреши“.

А како препознаваш дрво на орев?

Дете: „Според фактот дека на дрвото растат ореви“.

Ние го препознаваме дрвото според неговиот плод. Доброто дрво дава добар плод; лошото дрво дава лош плод.

А како ќе препознаеш христијанин?

Постои многу важен начин да се препознаат луѓето кои Му припаѓаат на Исус. Двајца пријатели ги виделе овие особини во првите христијани.

Прв пријател: „Дали забележа дека Рут не е таква кавгаџика како порано? Порано секогаш се жалеше од соседот и се караше, но сега е добра и дури полни вода од бунарот. Никогаш порано не сум видел таква љубов за другите луѓе“.

Втор пријател: „И намуртениот Јаков одеднаш некако е пријателски расположен. Тој веќе не пцуе. Веќе неколку недели е поинаков“.

Прв пријател: „Тоа сигурно има врска со тој Исус во кого веруваат. Може да забележиш дека се христијани според љубовта што ја имаат еден кон друг“.

Втор пријател: „Секој ден се молат. Зачуден сум што имаат толку време за тоа. И дури изгледаат среќни. Тие се најдобри пријатели“.

Прв пријател: „И замисли, Јосиф дури го продаде единствениот хектар земја и ги даде сите пари што ги доби. Ги донесе парите кај водачот на црквата, кој им ги подели на сиромашните луѓе“.

Втор пријател: „Зар е луд?“

Прв пријател: „Некои од нив дури си ги продадоа и куќите и дадоа сè на сиромашните луѓе“.

Втор пријател: „Како се држат заедно. Наместо да бидат алчни, тие споделуваат сѐ едни со други“.

Тие станале различни. Се сакале едни со други – другите луѓе го гледале тоа и биле зачудени.

Животот на христијаните е соодветен на тоа што Бог го поучува во Библијата.

(мелодија на песна во заднината)

Светиот Дух предизвикува само доброто да расте во нашите животи. Љубов, радост, мир, трпеливост, љубезност, добрина, верност, нежност и самоконтрола. Дали твојот живот покажува таков вид плодови?

Верувањето во Исус те менува. Кога нечие срце е изменето, тогаш сите други можат да ги видат знаците од тоа. Дали луѓето можат да ги видат овие особини кај тебе?


Улоги: Раскажувач, дете, двајца пријатели.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on August 08, 2023, at 08:41 AM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)