STORIES for CHILDREN by Sister Farida

(www.wol-children.net)

Search in "Macedonian":

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 048 (Small man – big cheat)

Previous Piece -- Next Piece

DRAMAS -- perform them for other children!
Plays for children to perform

48. Мал човек – голем измамник


(звуци на толпа луѓе)

Закхеј: „Тргнете се! Пуштете ме да поминам!“

Човек: „Зошто е ова туркање? Секој може да дојде“.

Закхеј: „Не можам да видам ништо“.

Човек: „Молчи и бегај“.

Не можел да помине. Сите го познавале. Но никој не го сакал. Имал прекрасна куќа и најмодерна облека. Бил доста низок, но богат. Секој знаел дека не ги заработува чесно своите пари. Неговото име значи „невин“, но тој бил многу голем измамник – малиот Закхеј.

Тој бил главен за собирање данок во Ерихон. Секој што увезувал стока, таму требало да плати данок. Закхеј не се придржувал кон правилата. Земал повеќе пари од луѓето отколку што требало. На неговиот шеф во Рим не му било грижа за тоа, па Закхеј можел да прави што ќе посака. Со тоа господинот „невин“ се направил себеси многу виновен.

Закхеј имал многу пари, но немал радост. Еден ден во Ерихон се случило нешто невидено: Исус дошол во градот!

Закхеј, тој низок човек не сакал да ја пропушти можноста да го запознае Исус, но другите луѓе му го спречувале погледот. Да се качи на дрво – одлична идеја! Брзо се искачил на дрвото. Каков прекрасен поглед. Дојде и Исус! Доаѓал сѐ поблизу. Замислете го изненадувањето на Закхеј: Исус застанал под тоа дрво. Срцето на Закхеј чукало силно. Исус погледнал нагоре. Го погледнал право в очи. Како го препознал? Исус му рекол:

Исус: „Закхеј слези брзо од дрвото. Ќе те посетам во твојот дом денеска“.

Закхеј веднаш направил така како што му кажал Исус – слегол од дрвото. Со радост го водел Исус кон куќата. Но другите луѓе биле вознемирени поради тоа.

Човек: „Исус ќе оди во неговата куќа? Зар не знае каков расипан човек е тој?“

Да, Исус знаел. Сепак Тој го сакал. Закхеј го запознал Исус и Му ја признал целата своја вина.

Закхеј: „Господе Исусе, Ти ветувам: половина од богатството ќе го дадам на сиромашните луѓе. И од кого сум украл, ќе им вратам четирипати повеќе“.

Исус: „Закхеј, сега си спасен, зашто Јас дојдов да ги барам и да ги спасам изгубените“.

Исус ќе дојде и кај тебе. Покани Го во твојот живот и кажи Му што те вознемирува. Тој ќе го среди твојот живот.


Улоги: Раскажувач, Закхеј, Исус, човек.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on October 22, 2021, at 08:05 AM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)