Home
Links
Contact
About us
Impressum
Site Map


YouTube Links
App Download


WATERS OF LIFE
WoL AUDIO


عربي
Aymara
Azərbaycanca
Bahasa Indones.
বাংলা
Български
Cebuano
Deutsch
Ελληνικά
English
Español-AM
Español-ES
فارسی
Français
Fulfulde
Gjuha shqipe
Guarani
հայերեն
한국어
עברית
हिन्दी
Italiano
Қазақша
Кыргызча
Македонски
മലയാളം
日本語
O‘zbek
Plattdüütsch
Português
پن٘جابی
Quechua
Română
Русский
Schwyzerdütsch
Srpski/Српски
Slovenščina
Svenska
தமிழ்
Türkçe
Українська
اردو
中文

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 152 (Pass it on 2)

Previous Piece -- Next Piece

КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца

152. Пренеси понатаму 2


Не, четворицата лепрозни не го очекувале тоа кога влегле во логорот на непријателите, болни и полугладни.

Првиот лепрозен: „Дали гледам јасно? Едноставно, не може да биде вистина!“

Вториот лепрозен: „Но, да! Логорот е празен! Непријателите ги нема!“

Првиот лепрозен: „Можеби е стапица“.

Но не било стапица. Сиријците, кои подолго време го опсадувале градот Самарија и кои се обиделе да ги изгладнат Израелците, не биле таму.

Кој ги избркал?

Во Библијата се кажува тајната: Живиот Бог ги натерал да слушнат врева на многу голема војска. Бидејќи мислеле дека Израел им се придружил на другите војски оставиле сè и за миг избегале колку што можеле побрзо.

Бог го направил тоа на зајдисонце, токму во времето кога четворицата лепрозни луѓе отишле да му се предадат на непријателот.

Тие очекувале смрт, а, наместо тоа, добиле живот.

Првиот лепрозен: „Толку многу храна! Сè уште не можам да верувам“.

Вториот лепрозен: „Каква награда! Види! Облека, злато и сребро“.

Јаделе и пиеле. Како во сон шетале низ логорот.

Првиот лепрозен: „Тоа што го правиме не е во ред. Не може да мислиме само на себе. Треба на луѓето во градот да им ја кажеме оваа добра вест. Зашто, ако молчиме, другите луѓе ќе умрат од глад. И тогаш ние ќе бидеме виновни за нивната смрт“.

Царот прво помислил дека таа вест е стапица на непријателот. Но сите жители излегле надвор од градот, виделе дека е вистина и го ограбиле сирискиот логор.

Службеникот што му се потсмевал на Бог бил изгазен до смрт пред градската врата.

Сè се случило така како што рекол Бог.

Некој ја пренесол добрата вест. Кој поверувал преживеал. Колку е добро што една личност не молчела.

Се потсетувам на тоа што Исус еднаш го рекол: „Јас живеам и вие треба да живеете“.

Тој сака луѓето да живеат. Не само да преживеат, но да живеат вечно.

Можеби сè уште не го знаеш ова. Затоа сакам да ти ја пренесам добрата вест за Исус. Сакаш ли и ти да го направиш тоа?


Улоги: Раскажувач, првиот лепрозен, вториот лепрозен.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on August 08, 2023, at 09:05 AM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)