STORIES for CHILDREN by Sister Farida(www.wol-children.net) |
|
Home عربي |
Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 087 (I don’t want to live any more) This page in: -- Albanian -- Arabic? -- Armenian -- Aymara -- Azeri -- Bengali -- Bulgarian -- Cebuano -- Chinese -- English -- Farsi -- French -- Fulfulde -- German -- Greek -- Guarani -- Hebrew -- Hindi -- Indonesian -- Italian -- Japanese -- Kazakh -- Korean -- Kyrgyz -- MACEDONIAN -- Malayalam? -- Platt (Low German) -- Portuguese -- Punjabi -- Quechua -- Romanian -- Russian -- Serbian -- Slovene -- Spanish-AM -- Spanish-ES -- Swedish -- Swiss German? -- Tamil -- Turkish -- Ukrainian -- Urdu -- Uzbek
КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца
87. Веќе не сакам да живеамНаставничката ги кажа оценките за последната писмена работа. Сандра блескаше. Одвај чекаше да им ги покаже на родителите добрите оценки. Со Коста беше поинаку. Полека го спакува ранецот на крајот на училишниот ден. Борис: „Еј, Коста, дали попладнево ќе возиме велосипед до клисурата?“ Коста: „Не, не денеска“. Борис: „Доста се лигавиш. Зар сакаш цел ден да учиш?“ Коста: „Оди сам. Јас не сакам да одам дома. Двојка по математика. Единица по германски јазик. Ако татко ми го види ова, ќе ме убие. Подобро самиот да се убијам. Не сакам да живеам повеќе. Јас сум идиот и никој не сака идиоти“. Борис: „Престани да зборуваш такви глупости. Татко ти многу те сака. Ти купува одлични подароци“. Коста: „Татко ми? Единствено се сака себеси и кариерата. Сè друго за него е неважно“. Борис: „И татко ми не е секогаш добро момче. Забележува дека постојам само кога ќе направам нешто лошо. Тогаш ме кара како луд. Тоа навистина ме повредува. Имаше времиња кога и јас не сакав да живеам“. Коста: „Како се чувствуваш во врска со тоа денес?“ Борис: „Денес знам дека Исус постои. Тој ме сака дури и кога не успевам. Секогаш можам да одам кај Него, дури и без да бидам совршен. Тој ми е пријател. И, иако не можам да Го видам, знам дека секогаш е со мене. Не мора да бидам силен; можам дури да плачам во Негово присуство. Верувај ми, тоа многу помага“. Коста: „Браво за тебе! Само да можев и јас да верувам во тоа“. Борис: „Ајде да возиме до клисурата и да разговараме. Треба ли да дојдам со тебе во твојата куќа? Можеби, татко ти нема да биде толку гневен, ако некој друг е со тебе“. Коста: „Тоа е добра идеја. Ти си добар другар“. Борис: „И по завршувањето на одморот, понекогаш можеме заедно да ги пишуваме домашните работи“. Беше одлично Борис да оди со пријателот. Но Коста сепак беше нервозен. Тогаш се случи чудо: татко му не се вознемири кога ги виде оценките на Коста. Дури призна дека ни тој немал многу добри оценки кога бил ученик. Може да биде тешко кога родителите очекуваат совршенство. Но Исус е многу поразличен. Те прифаќа таков каков што си. Те сака со твоите добри и лоши страни. Знае дека многу нешта можеш да направиш добро и ги знае тие нешта што ти се тешки. Сака да ти помогне. Затоа биди храбар и верувај Му. Кога ќе го запознаеш Исус нема автоматски да станеш најдобар ученик во класот, но Тој ќе ти помогне да го направиш најдоброто. Може да ти даде дисциплина и радост во учењето. Имај храброст и верувај Му. Со помош на Исус можеш да направиш повеќе отколку што мислиш! Улоги: Раскажувач, Борис, Коста. © Copyright: CEF Germany |