Home
Links
Contact
About us
Impressum
Site Map


YouTube Links
App Download


WATERS OF LIFE
WoL AUDIO


عربي
Aymara
Azərbaycanca
Bahasa Indones.
বাংলা
Български
Cebuano
Deutsch
Ελληνικά
English
Español-AM
Español-ES
فارسی
Français
Fulfulde
Gjuha shqipe
Guarani
հայերեն
한국어
עברית
हिन्दी
Italiano
Қазақша
Кыргызча
Македонски
മലയാളം
日本語
O‘zbek
Plattdüütsch
Português
پن٘جابی
Quechua
Română
Русский
Schwyzerdütsch
Srpski/Српски
Slovenščina
Svenska
தமிழ்
Türkçe
Українська
اردو
中文

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 070 (It‘s worth it)

Previous Piece -- Next Piece

КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца

70. Вреди


Петар: „Каков несреќник! Цела ноќ рибаревме и не фативме ниедна риба“.

Разочарани, изморените рибари го извлекле чамецот на брегот. Неуспешната ноќна смена била зад нив. Но тие сепак морале да ги поправат мрежите и да расчистат.

Одеднаш се појавиле многу луѓе кои оделе кон Галилејско Езеро. Таму бил Исус! Луѓето сакале да Го слушаат; тоа секогаш вредело. Неговите зборови на сите им давале храброст и нова сила. Групите луѓе се туркале и навалувале. Исус воопшто немал простор.

Исус: „Петар, дозволи ми да влезам во твојот чамец и да се оддалечам малку од брегот“.

Тогаш сите можеле подобро да го слушаат и да Го гледаат. Кога ја завршил проповедта погледнал кон Петар.

Исус: „Петар, однеси нè подалеку од брегот на езерото. Фрли ги мрежите од чамецот отстрана. Ќе ловиме риби!“

Сакам да можев да му го видам лицето на Петар. Ќе ловиме риби? Сега? Во текот на денот рибите бегаат од топлината во плитакот и пливаат кон подлабоките места во езерото. Ниедна риба нема да влезе во мрежата. Петар знаел што зборува. Најпосле, тој бил рибар.

Петар: „Господару, рибаревме цела ноќ и не фативме ниедна риба“.

Можеме да Му кажеме на Исус за нашите неуспеси.

Петар: „Но, бидејќи Ти велиш така, ќе ги фрлам мрежите“.

Колку прекрасен бил Петар. Тој не знаел сè. Тој го послушал Исус и се уверил дека добро постапил. Пловел подалеку од брегот на езерото со другите рибари и ги фрлил мрежите. Се случило чудо! Фатиле толку многу риби, што мрежите почнале да се кинат.

Петар: „Јован, Јаков, помогнете ни! Не можеме да го направиме ова сами“.

Им мавтале на своите пријатели и наполниле два чамци со риби. Имало толку многу риби што чамците за малку ќе потонеле.

Петар бил восхитен од Исус. Забележал дека тој е многу поразличен од Него.

Петар: „Господе, оди си од мене, јас сум грешник“.

Колку прекрасно што Исус не си заминал од Петар туку му простил.

Тој ќе го направи тоа и за мене и за тебе кога ќе ги признаеме гревовите.

Исус: „Не плаши се, Петар. Почнувајќи од денеска, ќе бидеш рибар на луѓе“.

Нова работа. Тогаш Петар требало да биде рибар на луѓе за Исус. Мислам дека е прекрасно што Исус не повикува само исклучителни луѓе, туку и обични луѓе како мене и тебе, луѓе како Петар, луѓе кои го слушаат Неговиот збор, а потоа искусуваат дека вреди да се живее со Него.


Улоги: Раскажувач, Петар, Исус.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on August 08, 2023, at 08:48 AM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)