STORIES for CHILDREN by Sister Farida

(www.wol-children.net)

Search in "Macedonian":

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 155 (Hands off 3)

Previous Piece -- Next Piece

КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца

155. Рацете понастрана 3


Знаеш ли што е тоа гатач?

Девојче: „Некој кој работи за ѓаволот и така знае што ќе се случи во иднина“.

Тоа што го кажува не е сосема лажно и се труди да се покаже како паметен.

Гатачите постојат веќе долго време.

Кога Павле отишол во Филипи со неговиот пријател, во Библијата се кажува дека една жена трчала по нив и дека таа имала дух за гатање. Викала гласно на улицата.

Гатачката: „Овие луѓе се Божји слуги. Ќе ви кажат како можете да бидете спасени“.

Девојче: „Но, ете, таа ја кажала вистината!“

Вистина. Но Павле сепак бил огорчен поради тоа. Не му била потребна нејзината реклама.

Павле: „Во името на Исус Христос: Замини од жената!“

Духот за гатање веднаш заминал. Исус е победникот! Ѓаволот трепери пред Него. Иако не можеме да го видиме, ѓаволот е зафатен со обидите да ги спречи луѓето да веруваат во Бог. Затоа тој ни нуди замена: суеверие.

Вистина е дека кој ја затвора вратата на срцето за Исус ја отвора за суеверие.

Тоа го препознаваме во амајлиите за среќа кои многумина ги носат на ѓердан или нараквица.

Тоа го препознаваме во маскотите кои на многумина им висат во автомобилите. Ѓаволот нуди како игра употребување разни нешта со чија помош тврди дека ќе можеме да ја видиме иднината, или да ги движи предметите без да ги допира.

Девојче: „А, ако го правиме тоа само за забава?“

И Мартин го мислеше истото кога некои деца во неговото училиште се обидоа да разговараат со духовите преку движење на чаши. Но оттогаш има големи стравови и страшни соништа.

Дали го знаеш експериментот со мастило?

Стави еден прст во мастилница, само за забава. А со другиот прст направи го тоа сериозно.

Девојче: „Еј, и двата прста се покриени со сино мастило!“

Значи, стој подалеку од понудите на непријателот. Без оглед на тоа дали е за забава или сериозно, има последици кои остануваат. На пример, немаш никаква желба да читаш Библија или да се молиш.

Девојче: „Дали го читаш твојот хороскоп?“

Не.

Девојче: „Ниту мајка ми. Таа вели дека Бог го забранува тоа. Тој сака да зависиме само од Него“.

А кога го имаш Исус, не ти треба ништо друго. Тој е победникот и ни помага да ја избегнеме стапицата на непријателот.

Те сака и затоа ќе те заштити!


Улоги: Раскажувач, девојче, Павле, гатачка.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on August 08, 2023, at 09:05 AM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)