STORIES for CHILDREN by Sister Farida

(www.wol-children.net)

Search in "Macedonian":

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 150 (Very brave 2)

Previous Piece -- Next Piece

КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца

150. Многу храбро 2


Тоа беше многу смело. Инам не сакаше да го проголта пијалакот на врачот, па го истури низ прозорецот.

Инам: „Јас Ти верувам, Господе Исусе, Те молам излекувај ме“.

И индонезиската девојка оздраве.

Кога Инам оздраве прво отиде на богослужба во малата црква што беше во нејзината џунгла.

(звук на музика)

Заедно со другите луѓе радосно ги пееше прекрасните песни за Исус.

Потоа им кажа дека Исус ја послушал нејзината молитва и ја направил повторно здрава.

Жената: „А мајка ти, што мисли таа кој направи да бидеш добро?“

Инам: „Таа мисли дека тоа е врачот кој ми даде нешто да пијам“.

Жената: „Ќе ѝ ја кажеш ли вистината?“

Инам размислуваше за тоа кога се врати дома. Често беше тепана затоа што веруваше во Исус.

Следниот ден отиде во кујната и гледаше додека мајка ѝ мелеше зачини.

Инам: „Мамо, веројатно, мислиш дека пијалакот на врачот направи повторно да ми биде добро. Но тоа не е вистина. Го истурив пијалакот низ прозорецот. Исус направи повторно да ми биде добро“.

Мајката: „Така ли е? Тоа значи дека ти нè излажа“.

Не изгледаше премногу лошо. Напротив. Родителите веќе долго време беа восхитени од нивната храбра Инам, која веруваше во Исус и покрај сите тепања.

Мајка ѝ го насочи погледот кон сонцето.

Мајката: „Инам, време е да одиш в црква“.

Инам ја прегрна мајка ѝ.

Првпат отиде на служба со дозвола на родителите. По извесно време дури и родителите ѝ се придружија. Инам беше многу среќна додека седеше меѓу татко ѝ и мајка ѝ; заедно ги слушаа расказите за Исус.

Родителите многу размислуваа за тоа што го слушнаа во малата црква. Тие ја споредија својата религија со верата во Исус, што ѝ даваше сила на нивната ќерка да остане верна дури и кога беше тепана.

Еден ден родителите решија да Го следат Исус.

Животот на Инам со Исус ги убеди дека Тој живее. И покрај многуте тепања, таа Му остана верна на Исус и Го сакаше сè повеќе.


Улоги: Раскажувач, жената, Инам, мајката.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on August 08, 2023, at 09:04 AM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)