STORIES for CHILDREN by Sister Farida

(www.wol-children.net)

Search in "Macedonian":

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 099 (Safari quiz)

Previous Piece -- Next Piece

КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца

99. Сафари квиз


Ќе одиме на сафари, ќе дојдеш ли заедно со нас?

Момче: „Ние патуваме низ Библијата и бараме славни животни“.

Девојче: „Некои од нив се многу фасцинантни“.

Ти, се разбира, знаеш некои од нив. Ако сакаш, можеш да ми пишеш и да ми ги кажеш имињата на тие животни.

Нашето патување прво нè носи во Египет. Жешкото сонце пече од небото. Околу 400 години Израелците биле робови таму. Тие го повикувале Бог да ги спаси. Бог го слушнал нивното повикување, но фараонот не сакал да ги пушти да заминат.

Како казна, Бог го наполнил Египет со животни. Тие ја покриле земјата, па дури влегувале во куќите и креветите. Кои биле тие животни?

Откога поминал многу километри, тој видел река. Божјиот гласник Илија седел на тоа место долго време. Птици му носеле појадок и вечера. Кој вид птица долетувала и му носела леб и месо?

Само што помислив на Валаам. Тој го живеел својот живот одвоен од Бог. Животното што го јавал застанало, не сакало да оди по патот и разговарало со него со човечки глас. Кое животно го направило тоа?

Сигурно си слушнал за планината Арарат. На оваа планина застанал ковчегот на Ное по големиот потоп. Која птица му донесла на Ное зелено гранче во клунот, што било добра вест дека водата се повлекла од земјата?

Нашето Сафари продолжува во Вавилон. Таму бил заробениот Даниел.

Девојче: „Тој ми е пример. Се молел трипати на ден“.

И поради тоа требало да стане храна за животните.

Чија граблива муцка ја затворил Бог за да не го изеде Даниел?

Дали знаеш кое животно во Библијата е опишано како лукаво? Змијата. Ѓаволот ја исползувал за да ги искуши првите луѓе да не Му се покорат на Бог.

Момче: „Да не се случело тоа, сите ќе беа близу до Бог“.

Но, наместо тоа, секој од нас по природа е одделен од Бог. Поради таа причина Исус нè споредува со животни кои немаат никаква ориентација и кои лесно се оддалечуваат.

Каков вид животни се тие?

Исус е добриот Пастир. Ги повикува луѓето по име затоа што ги сака.

Дали препозна најмалку четири животни? Ќе се радувам, ако ми ги испратиш твоите одговори по пошта.

(Одговори: жаби, гавран, магаре, гулаб, лав, овца.)


Улоги: Раскажувач, момче, девојче.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on August 08, 2023, at 08:54 AM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)