STORIES for CHILDREN by Sister Farida

(www.wol-children.net)

Search in "Macedonian":

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 098 (Punishments and promises 2)

Previous Piece -- Next Piece

КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца

98. Казни и ветувања 2


Жена: „Кога конечно ќе престане да врне?“

Човек: „Дали, и покрај сè, Ное беше во право?“

(звук на тупаници што удираат на ковчегот)

Сите: „Помогни ни! Ное, отвори. Пушти нè внатре!“

Било предоцна. Самиот Бог ја затворил вратата. Луѓето не Го слушале и тогаш морале да ги трпат последиците. Тоа секогаш е така со луѓето кои ќе изберат да бидат против Бог.

Водата се дигала сè повисоко. Сè се случило токму како што рекол Бог – 40 дена и 40 ноќи дожд, дожд, дожд.

Луѓето очајни се качиле на покривите и на планините. Но дури и највисокото место било 16 стапки под водата. Сè што живеело се удавило при големиот потоп. Само Ное и сите кои биле во ковчегот со него се спасиле.

Поминала цела година додека водата не се повлекла.

Ное: „Се прашувам дали земјата е повторно сува. Ќе испратам надвор гавран“.

Ное го направил тоа со гулаб. Сакал да види дали птиците ќе најдат нешто надвор на што ќе можат да слетаат... но не нашле суво место и се вратиле назад во ковчегот. Поминала уште една недела.

Ное: „Ќе пуштам друг гулаб да одлета“.

(звук на прозорец што се отвора, звук на мавтање на птичји крилја)

Жена му на Ное: „Видете! Се враќа со зелено гранче во клунот“.

Ное: „Отсега ова нема да трае долго“.

Кога Ное третпат го пуштил гулабот да одлета, тој воопшто не се вратил.

По една година водата истекла и земјата повторно била сува.

Бог проговори: „Ное, излези надвор од ковчегот со твоето семејство. И птиците и сите животни треба да излезат од ковчегот. Плодете се и населете ја земјата“.

Сите кои се спасиле излегле од ковчегот на сува земја.

Што ќе беше првото нешто што ти ќе го направеше да беше Ное?

Ное изградил жртвеник за Бог и принесол жртва. Така Му се заблагодарил на Бог за спасението. Ное му го предал животот на Бог. А тоа Му било угодно на Бог.

Бог проговори: „Никогаш повторно нема да ја уништам земјата со потоп. Додека постои земјата, ќе постојат лето и зима, ден и ноќ. Ќе склучам завет со тебе. Знак за овој завет ќе биде божилакот“.

На небото се појавил првиот божилак. Колку прекрасни бои! И до денес тој нè потсетува дека Бог е верен. Го одржува Својот збор. Можеш целосно да зависиш од Него. Размисли за Него следниот пат кога ќе видиш божилак.


Улоги: Раскажувач, двајца мажи, жена, жена му на Ное, Бог.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on August 08, 2023, at 08:54 AM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)