STORIES for CHILDREN by Sister Farida

(www.wol-children.net)

Search in "Macedonian":

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 049 (The good shepherd)

Previous Piece -- Next Piece

DRAMAS -- perform them for other children!
Plays for children to perform

49. Добриот пастир


Пред извесно време возев по автопатот. Ја видов прекрасната шума Палатин, лозја и ниви, а потоа видов и стадо овци.

Дали знаеше дека овците го слушаат само гласот на нивниот пастир и не слушаат ничиј друг глас?

Дали знаеше дека овците брзо се заморуваат и не можат да се одбранат?

Дали знаеше дека овците немаат никаква ориентација? Тие никогаш не можат да го најдат патот до дома како, на пример, кучињата или коњите. Овците имаат голема потреба од пастир кој ќе ги води, заштитува и ќе се грижи за нив. И нам ни е потребно тоа.

Кога и да видам овци ми доаѓа на ум тоа што го кажа Господ Исус.

Исус: „Јас сум добриот пастир. Моите овци го слушаат Мојот глас и Ме следат“.

Тој е добриот Пастир, а ние сме овците.

Еднаш Исус раскажал приказна за нив.

(звук на овци во заднината)

Исус: „Еден пастир имаше 100 овци. Ги поведе на зелени пасишта и свежа вода. Кога дојдоа диви животни, веднаш ја виде опасноста и го заштити стадото. Овците беа безбедни кога стоеја близу до пастирот. Тие беа добри. Вечерта, пастирот ги одведе во трлото и почна да ги брои за да се увери дека се сите на број. 97, 98, 99. Само 99? Недостасуваше една овца! Тргнала по својот пат и се изгубила. Беспомошна и уморна, веројатно, блеела за помош. Запомнете: овците без пастир се изгубени. Но, на пастирот му недостасуваше овцата и ја бараше сѐ додека не ја најде во грмушките. Радосен, ја стави овцата на рамената и ја однесе дома. Сега овцата беше безбедна. Пастирот им рече на пријателите: ’Радувајте се со мене, зашто ја најдов изгубената овца‘ “.

Оваа една овца му беше важна. Ја бараше и ја најде. И ја сакаше.

Исус е добриот Пастир.

Го познаваш ли Неговиот глас? Го следиш ли?

Со Исус си безбеден. Тој ни го дава тоа што ни е потребно. Секогаш е со нас и никогаш не нѐ остава сами кога сме во неволја. И покрај тоа, многу луѓе се оддалечуваат од Него и одат по својот пат.

Можете ли да замислите зошто би го направиле тоа?


Улоги: Раскажувач, Исус.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on October 22, 2021, at 08:06 AM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)