STORIES for CHILDREN by Sister Farida

(www.wol-children.net)

Search in "Macedonian":

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 047 (Arsonist 6)

Previous Piece -- Next Piece

КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца

47. Потпалувачот 6


Една неделна вечер, Ти-Фам седеше надвор и гледаше како сонцето зајдува зад планините на Хаити. Беше многу среќна затоа што неодамна стана Божјо дете. Татко ѝ, врачот Орестил, ѝ ја зеде Библијата и ја искина. Но тој никогаш не можеше да ѝ го одземе Господ Исус, бидејќи Го имаше во своето срце. Ти-Фам не му беше лута на татко ѝ кој седеше отспротива во дворот и се грееше покрај огнот. Во секој случај го сакаше. Дали тој ја слушнал најновата вест?

Ти-Фам: „Тато, Виктор доаѓа секоја недела во нашето село да проповеда“.

Орестил: „Подобро ќе му биде да не го прави тоа“.

Орестил мрмореше во себе и не сакаше да каже дека тоа утро тајно слушал зад црквата. Цело време размислуваше за зборовите на Виктор.

Виктор: „Исус го измени мојот живот. Живеев во страв од духовите и им служев. Но кога слушнав за Божјата љубов, поверував. Сега сум радосен и знам дека Исус е секогаш со мене. Никогаш нема да бидам сам“.

Орестил отиде во малата куќичка што ја изгради за духовите.

Орестил: „Вие духови, покажете ми ја вашата моќ. Нека падне оган на оваа црква и нека ја изгори. Да ви помогнам ли да го направите тоа?“

Среде ноќ, Орестил носеше парче запалено дрво до црквата. Се смееше и го држеше огнот до сламениот покрив.

Одеднаш една рака му ја повлече раката. Врачот падна на земја.

Орестил: „Виктор, од каде се појави ти?“

Виктор: „Исус ме испрати да разговарам со тебе. Тој те сака“.

Орестил: „Може ли сè уште да ме сака? Им служев на духовите, лажев, сакав да те убијам и ќе ја запалев црквата. Дури ја искинав Библијата на Ти-Фам. Може ли сè уште да ме сака?“

Виктор: „За секој твој грев Тој умре на крстот. Ќе ти прости“.

Орестил: „Многу ми е жал за тоа што го направив. Сакам мир и сакам да станам Божјо дете сега“.

Врачот беше сериозен. Ги изгоре сите свои магични нешта и почна нов живот. Секој кој го гледаше неговото блескаво лице се радуваше. Но најмногу се радуваше Ти-Фам.

Исус е победникот, на Хаити и Тој е со нас. Го прифаќа секого кој доаѓа кај Него и сака да стане Божјо дете.

За „Сите што Го примија – на сите што веруваат во Неговото име, им даде моќ да станат чеда Божји“ (Јован 1:12); ова го пишува во Библијата.


Улоги: Раскажувач, Ти-Фам, Орестил, Виктор.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on August 08, 2023, at 08:43 AM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)