Home
Links
Contact
About us
Impressum
Site Map


YouTube Links
App Download


WATERS OF LIFE
WoL AUDIO


عربي
Aymara
Azərbaycanca
Bahasa Indones.
বাংলা
Български
Cebuano
Deutsch
Ελληνικά
English
Español-AM
Español-ES
فارسی
Français
Fulfulde
Gjuha shqipe
Guarani
հայերեն
한국어
עברית
हिन्दी
Italiano
Қазақша
Кыргызча
Македонски
മലയാളം
日本語
O‘zbek
Plattdüütsch
Português
پن٘جابی
Quechua
Română
Русский
Schwyzerdütsch
Srpski/Српски
Slovenščina
Svenska
தமிழ்
Türkçe
Українська
اردو
中文

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 156 (Esther – star of the East 1)

Previous Piece -- Next Piece

КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца

156. Естира – ѕвездата од исток 1


Девојче: „Ме познаваш ли? Се викам Хадаса и живеам во Персија. Но јас овде сум туѓинка. Родителите ми се мртви. Веќе не можам повеќе да се сетам на нив. Мардохеј, еден роднина, ме зеде кај него. Тој е добар очув. Живееме во големиот град Суза. Овде сите ме викаат Естира. Моето персиско име значи 'ѕвезда на исток' “.

Непознатото, убаво и паметно сираче не помислило дека тоа еден ден ќе блесне како светла ѕвезда и ќе стане многу познато.

Естира станала царица. Нејзината приказна е раскажана во Библијата.

Моќниот цар Ахасвер ја избрал. Од сите млади девојки, таа му се допаднала најмногу. Тој ѝ ја ставил круната на главата и приредил голема забава.

На тој ден тој не собирал даноци во целото царство и наместо тоа раздал подароци.

Не било случајно што во тој миг Естира станала царица. Сигурен сум дека Бог влијаел на изборот на царот Ахасвер.

Естира верувала во Владетелот на целиот свет, Кој го насочил срцето на царот во врска со тоа прашање.

Естира во палатата со себе донесла тајна. Никој не знаел дека е Еврејка. Очувот ја советувал да не каже никому. Таа го послушала и молчела во врска со тоа.

И Мардохеј работал за царот. Еден ден бил сведок на заговор од двајца слуги на царот против царот. Тие планирале да го убијат.

Мардохеј ѝ соопштил на царицата Естира за тоа и таа веднаш му кажала на царот.

Тој заговор бил откриен и виновните луѓе биле веднаш казнети.

Ахасвер му рекол на својот секретар да напише извештај за тоа во дневникот на царот и тој го направил тоа.

Набрзо потоа во палатата се појавил еден злобен човек.

Тоа бил гордиот и надмен Аман. Тој успеал со умилкување да му се приближи на царот.

Аман бил втор најмоќен човек во целото персиско царство.

Тој бил човек со ѓаволски план во срцето.

Ќе слушнеш повеќе за тоа во следната драма.


Улоги: Раскажувач, девојче.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on August 08, 2023, at 09:05 AM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)