STORIES for CHILDREN by Sister Farida

(www.wol-children.net)

Search in "Macedonian":

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 138 (An awful accident 1)

Previous Piece -- Next Piece

КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца

138. Ужасна несреќа 1


Во градот било напрегнато. Воопшто немало смеење или пеење. Сите биле исплашени.

Дадилката: „Се надевам дека оваа ужасна војна набрзо ќе заврши“.

Жена: „Дали царот Саул ќе го победи непријателот?“

Стражарите на ѕидот први го виделе гласникот кој донесол вести од линијата на фронтот. Од неговото лице можело да се види дека веста не е добра.

Гласникот: „Непријателот ги проби нашите одбранбени линии. Царот Саул и принцот Јонатан се мртви. Бегајте! Спасувајте си ги животите!“

Сите биле исплашени и многумина избегале од градот.

Ужасен ден! Особено за Мемфивостеј. Иако имал само пет години, разбрал сè. Татко му, принцот Јонатан, бил мртов.

Татко му никогаш нема да дојде дома и да го држи во рацете. Татко му никогаш нема да го однесе да стрела со лак и стрела, или да му раскажува приказни. Мемфивостеј плачел.

Неговата дадилка се погрижила за него.

Дадилката: „Дојди Мемфивостеј, мора да заминеме одовде. Не смееме да губиме време“.

Брзо заминале од палатата и тогаш се случило тоа.

Мемфивостеј: „Оф! Оф, моите нозе!“

Мемфивостеј се чувствувал многу лошо зашто повеќе не можел да оди. Замисли – при несреќата му биле осакатени двете нозе. Тоа бил најтажниот ден во неговиот живот. Прво татко му умрел. Потоа морале да бегаат. Потоа дошла несреќата. И тогаш веќе немал дом.

Подоцна бегалците дошле до Ло-Девар. Ло-Девар значи „безначаен, безвреден“. Тоа некако е соодветно за Мемфивостеј. Одеднаш животот му бил безвреден. Сигурно мислел дека веќе не вреди ништо.

Дали некогаш се чувствуваш безначаен? Не си најдобар во класот, не можеш да собориш рекорди во спортот и затоа мислиш дека другите се подобри и посакани од тебе.

Можеш ли да го разбереш Мемфивостеј? Живеел вака многу години во Ло-Девар.

Најдобар пријател на татко му бил Давид. Кога станал цар на Израел одел замислен во палатата.

Давид: „Сива, мој слуго, дали некој сè уште е жив од семејството на Саул?“

Сива: „Да, синот на Јонатан, сакатиот Мемфивостеј“.

Давид: „А каде е тој?“

Сива: „Живее во Ло-Девар“.

Што направил царот Давид? Ќе ти раскажам во следната драма.


Улоги: Раскажувач, дадилка, жена, гласник, Мемфивостеј, Давид, Сива.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on August 08, 2023, at 09:02 AM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)