Home
Links
Contact
About us
Impressum
Site Map


YouTube Links
App Download


WATERS OF LIFE
WoL AUDIO


عربي
Aymara
Azərbaycanca
Bahasa Indones.
বাংলা
Български
Cebuano
Deutsch
Ελληνικά
English
Español-AM
Español-ES
فارسی
Français
Fulfulde
Gjuha shqipe
Guarani
հայերեն
한국어
עברית
हिन्दी
Italiano
Кыргызча
Македонски
മലയാളം
日本語
O‘zbek
Plattdüütsch
Português
پن٘جابی
Quechua
Română
Русский
Schwyzerdütsch
Srpski/Српски
Slovenščina
தமிழ்
Türkçe
Українська
اردو
中文

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 113 (Can your God do everything)

Previous Piece -- Next Piece

DRAMAS -- perform them for other children!
Plays for children to perform

113. Може ли Бог да направи сѐ


Катерина: „Јулија замисли – само што добив повеќе од 1000 денари. Ете така. Никој не знаеше дека се молам за пари, за да им ги дадам на мисионерите“.

Јулија: „Што сакаш да кажеш?“

Катерина: „Кога и да добијам џепарлак давам дел од парите на Бог за мисионерска работа. И сега сакам да купам кукла за да ја ставам во кутијата што ќе оди кај некое сиромашно дете за Божиќ, во далечна земја. Ќе дојдеш ли со мене?“

Јулија: „Се разбира!“

Во продавницата за играчки решија да ја купат куклата со долга руса коса и убав син фустан. Откога платија Катерина и Јулија отидоа право во куќата на госпоѓа Велевска.

(звук на ѕвонење на ѕвонче, отворање врата)

Катерина: „Добар ден, госпоѓа Велевска! Ова е за Божиќниот пакет“.

Госпоѓа Велевска: „О, жал ми е, но кутијата веќе е затворена“.

Катерина: „О, не! Но оваа кукла треба да оди кај некое дете кое има потреба. Го знам тоа сигурно. Исус ми даде пари да ја купам“.

Кога госпоѓа Велевска виде колку беше сериозно девојчето, ја отвори кутијата.

Катерина: „Благодарам многу госпоѓо Велевска. Бог има цел за неа“.

Како сестра Рут да го претпостави тоа! Таа беше мисионерка во Кина и ѝ предаваше германски јазик на една млада девојка.

Адина беше многу надарена за учење јазици. Но никогаш немаше слушнато за живиот Бог кој прави чуда и многу ја сака.

Адина: „Може ли твојот Бог навистина да направи сè?“

Сестра Рут: „Да, со Него ништо не е невозможно“.

Адина: „Тогаш Тој треба да ми испрати кукла со руса коса и со син фустан за Божиќ. Те молам кажи Му го тоа!“

Сестра Рут не можеше да замисли како Бог ќе ја исполни оваа желба. Беше вчудовидена кога ја отвори кутијата со куклата, која беше одговор на молитвата. Тоа не беше случајност.

Сестра Рут: „Ти благодарам Господе Исусе. Ти си жив и навистина можеш да направиш сè. Те молам помогни ѝ на Адина да Те запознае“.

Таа убаво ја завитка куклата како подарок, и ѝ ја донесе на Адина.

Сестра Рут: „Еве Адина, Господ Исус ти го испрати ова“. (звук на шушкање на хартија)

Адина: „Прекрасна е! Оваа е токму таква кукла каква што сакав“.

Скокаше од радост околу собата. Но одеднаш стана сериозна.

Адина: „Сестра Рут, Исус може да направи сè. Верувам во Него затоа што ми ја исполни желбата. Господе Исусе, дојди во мојот живот и направи ми го срцето чисто. Сакам да Ти припаѓам целосно. Амин“.

Божиќната радост дојде во срцето на Адина. Исус може да направи сè. И таа им го кажа тоа на многу луѓе.


Улоги: Раскажувач, Катерина, Јулија, госпоѓа Велевска, Адина, сестра Рут.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on November 05, 2021, at 01:22 PM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)