Home
Links
Contact
About us
Impressum
Site Map


YouTube Links
App Download


WATERS OF LIFE
WoL AUDIO


عربي
Aymara
Azərbaycanca
Bahasa Indones.
বাংলা
Български
Cebuano
Deutsch
Ελληνικά
English
Español-AM
Español-ES
فارسی
Français
Fulfulde
Gjuha shqipe
Guarani
հայերեն
한국어
עברית
हिन्दी
Italiano
Қазақша
Кыргызча
Македонски
മലയാളം
日本語
O‘zbek
Plattdüütsch
Português
پن٘جابی
Quechua
Română
Русский
Schwyzerdütsch
Srpski/Српски
Slovenščina
Svenska
தமிழ்
Türkçe
Українська
اردو
中文

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 145 (If I had 1000 lives 6)

Previous Piece -- Next Piece

КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца

145. Да имав 1000 животи 6


Бродот се закотвил. Многу болен Хадсон Тејлор излегол на брегот.

Лекарите кои го лекувале во Англија биле многу загрижени.

Лекар: „Господине Тејлор повеќе нема да можете да се вратите во Кина“.

Х. T.: „Ако Бог сака да ме излекува, ќе го направи тоа“.

На ѕидот висела голема карта на Кина. Хадсон ја погледнал и почнал да плаче зашто размислувал за милионите Кинези.

Често ја раскажувал оваа случка:

Х. T.: „Патував со брод до Сунг Кијан Фу. На бродот беше Петар. Зборувавме за Исус. Потоа се вратив во мојата кабина. Одеднаш слушнав како некој вика, а потоа слушнав и прскање на вода. Петар паднал од бродот. Скокнав во водата, но не можев да го најдам. „Помош! Помош!“ – викав кон некои рибари. Но тие одговорија: „Немаме време. Ловиме риби. Ќе ни платиш ли?“ Им ветив дека ќе им платам. Требаше многу време да дојдат и да помогнат. Го извлекоа Петар од водата. Се обидов да го оживеам, но беше предоцна. Петар беше мртов. Можеше да се спаси, ако рибарите не беа толку рамнодушни“.

Многу ужасно!

Хадсон сакал луѓето да се спасат. Особено од нивните гревови. Но тогаш веќе бил болен.

Х. T.: „Господе Исусе, Те молам испрати петмина мисионери во Кина за многу луѓе да можат да поверуваат во Тебе и да бидат спасени“.

На молитвата му било одговорено. Но што се петмина мисионери за милиони Кинези? Хадсон Тејлор се молел за 24, за 100, за 1000 мисионери! И Бог му одговорил на молитвите.

Ова го научив од Хадсон Тејлор: Кажи Му на Исус точно што ти треба и верувај дека ќе го обезбеди тоа. Исус со задоволство ни дава. Ги слуша нашите молитви.

Хадсон Тејлор оздравел и отпатувал со новите мисионери во Кина.

Првата жена: „Вие сите сте луди, останете овде!“

Втората жена: „Овде можете да заработите многу пари. Во Кина ќе бидете гладни затоа што набрзо ќе бидете заборавени“.

Х.T.: „Заборавени? Бог никогаш не ги заборава Неговите деца!“

Бог никогаш не го заборави него.

Х. T.: „Ако имав 1000 животи, би бил мисионер 1000 пати повеќе“.

Дали и ти сакаш да бидеш мисионер? Ти го ветувам ова: Нема да станеш милионер и честопати ќе биде тешко. Но, и покрај тоа: нема ништо подобро од тоа да го направиме тоа што Исус сака да го направиме и да Му веруваме во секоја состојба.


Улоги: Раскажувач, Хадсон Тејлор, лекар, прва жена, втора жена.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on August 08, 2023, at 09:03 AM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)