STORIES for CHILDREN by Sister Farida

(www.wol-children.net)

Search in "Macedonian":

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 108 (Bela‘s Bible)

Previous Piece -- Next Piece

DRAMAS -- perform them for other children!
Plays for children to perform

108. Библијата на Бела


Коњската запрежна кола на Ромите се тресеше по селскиот пат. Децата мавтаа со рацете.

Рамче: „Тато, би сакал да работам за земјоделецот“.

Таткото: „Ќе ти здодее многу брзо“.

Мајката: „Рамче и работа? Тоа е многу смешно!“

Рамче се нервираше затоа што родителите немаа доверба во него, што се однесува на работата. Во следниот град скокна од колата и побегна.

Му се допадна фармата со цвеќиња на прозорците. (звук на тропање)

Земјоделецот: „Здраво. Кој си ти?“

Рамче: „Се викам Рамче и би сакал да работам за тебе“.

Земјоделецот: „Дојде токму навреме да помогнеш во бербата на компири. Но прво треба да јадеш нешто. Влези“.

Мирисите во кујната го потсетија Рамче дека беше гладен како волк.

Земјоделецот: „Ние се молиме пред да јадеме. 'Секој добар дар и сè што имаме доаѓа од Тебе, о Боже. Ти благодариме за сè. Амин'“.

Молењето и читањето Библија беа нешто ново за Рамче.

Но му се допаѓаше да биде со пријателски настроениот земјоделец. Дури и работата му беше интересна, иако на крајот на денот го болеше грбот. Помина една седмица. (звук на лаење на кучиња)

Рамче: „Нерон, во што е проблемот? Сакаш ли да играш топка со мене?“

Надвор Нерон ги начули ушите. И Рамче слушаше (звук на свирење виолина).

Рамче: „Нерон, некој свири на виолина. Сигурно се моите родители. Седат покрај огнот, печат еж и пеат песни. Одеднаш чувствувам голема носталгија. Го разбираш ли тоа?“

Рамче ѕирна во кујната, но никој не беше таму. Ја зеде Библијата што стоеше на масата и исчезна во ноќта.

Таткото: „Рамче, тука си. Дали донесе нешто за нас?“

Рамче: „Ја донесов оваа книга“.

Мајката: „Григор може да чита“.

Григор: „Еј, видете, оваа е света книга. Пишува: Новиот завет на нашиот Господ Исус Христос“.

Мајката: „Добра книга е. Читај ни!“

Григор: „Еден човек дојде кај Исус и праша: Што морам да направам за да бидам спасен? Исус му одговори: Почитувај ги Божјите заповеди. Не кради“.

Таткото: „Не кради?“

Виновни, Ромите се погледнаа едни со други, зашто секој од нив претходно имаше украдено нешто. Рамче ја украде дури и Библијата, но истата вечер ја врати назад.

Земјоделецот: „Рамче, ова е изненадување. Ја зеде нашата Библија? Па, ти ја давам“.

Рамче: „Навистина, можам да ја зачувам?“

Рамче беше среќен. Преку Библијата Ромите научија да го познаваат и да Му веруваат на Исус.


Улоги: Раскажувач, Рамче, таткото, мајката, Григор, земјоделецот.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on November 02, 2021, at 10:02 AM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)