Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 009 (He came and He’ll come)
9. Тој дојде, и ќе дојде пак
Почна најубавото време во годината.
Продавниците и улиците се украсени за Божиќ.
И дома собите се украсени со гранки од елка и златни ѕвезди.
На венецот гори првата „адвентна“ свеќа.
Секогаш со нетрпение го чекам ова време, а сигурен сум и ти.
(Пушти Божиќна песна – само инструментална.)
Холи: „Свеќата гори. Мило ми е што дојде ова прекрасно време во годината. Ми кажува: „Бог нѐ сака тебе и мене; Неговиот Син се роди како бебе“.
Светилките светат и ја раскажуваат добрата вест.
Првата свеќа нѐ потсетува дека:
Исус дојде од небото на земјата. Тој стана човек, исто како нас, со цел да умре на крстот за нашите гревови. Тој беше погребан и по три дена воскресна. Тој е сега жив!
Втората свеќа вели:
Исус е светлината на светот. За секоја личност. И Тој сака да го исполни твоето срце со светлина и радост.
Третата свеќа ветува:
Тој доаѓа! Исус, Господ, доаѓа повторно. Но не како што дојде пред 2000 години. Тој нема да дојде повторно како бебе лежејќи во јасли. Тој ќе дојде како Господ и Цар.
Четвртата свеќа објавува:
Чекај Го и биди подготвен. Најдоброто нешто што можеш да го направиш е да Му дозволиш да дојде во твојот живот денеска. Тоа е најдобрата подготовка за Неговото доаѓање.
Исус дојде и ќе дојде пак. Тоа е добрата вест за адвентот – очекувањето кое сјае посветло од која било свеќа.
Ти посакувам радосна сезона на очекување.
И уште едно нешто: следниот пат ќе има Божиќен квиз. Ќе учествуваш ли?
Улоги: Раскажувач, девојче.
© Copyright: CEF Germany