STORIES for CHILDREN by Sister Farida

(www.wol-children.net)

Search in "Macedonian":

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 100 (Join us)

Previous Piece -- Next Piece

DRAMAS -- perform them for other children!
Plays for children to perform

100. Придружи ни се


Миријам оди на курс по балет. За време на распустот Миријам сака да оди на курс за јавање коњи. Матеј успешно го заврши курсот по џудо.

А јас сакам да ти препорачам одличен Библиски курс.

Многу е добар и нема да те чини ништо. Ќе најдеш загатки; можеш да одговараш на квиз-прашања и да откриваш тајни кодови. И истовремено ќе научиш многу за Бог и за себе!

Мими: „Сакам да учествувам. Каде можам да го најдам овој Библиски курс?“

Пиши ми и ќе ти кажам. Со нетрпение го очекувам твоето писмо.

Јаков веќе го помина курсот и доби диплома.

Јаков: „Беше забавно и воопшто не беше здодевно“.

Мими: „Мислам дека многу ќе пропуштам, ако не се пријавам за курсот“.

И јас го мислам тоа. Најдоброто нешто што можеш да го направиш е да се вклучиш на онлајн Библискиот курс уште денеска.

Можеш да почнеш веднаш.

Можеби твоите пријатели ќе сакаат да учествуваат, затоа прашај ги. Тогаш ќе можете да го следите курсот сите заедно.

Знаеш ли кој знаел многу за Библијата кога имал само дванаесет години, па дури и возрасните биле воодушевени? Биле воодушевени од Неговите прашања, како и од одговорите што ги дал.

Тоа се случило во Храмот во Ерусалим пред околу 2000 години.
Па, кој бил тоа?

Можеби можеш да го погодиш Неговото име. Тоа бил Исус, Божјиот Син.

Преку Библискиот курс можеш подобро да Го запознаеш Него и Неговото Слово.

Учествувај во Библискиот курс и ќе научиш многу за Библијата. Зашто читателите на Библијата знаат повеќе.

Мими: „Се разбира, ќе го поминам курсот!“

А ти? Со нетрпение те очекуваме да се јавиш.

Ако сакате да ги поканите децата да учествуваат и да се вклучат во Библиски курс, ние ќе ви обезбедиме линк за онлајн Библиски курс на македонски јазик.


Улоги: Раскажувач, Мими, Матеј.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on November 02, 2021, at 09:53 AM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)