STORIES for CHILDREN by Sister Farida

(www.wol-children.net)

Search in "Macedonian":

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 034 (The most important question)

Previous Piece -- Next Piece

КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца

34. Најважното прашање


Без зборови, учениците стоеле на планината и гледале кон небото. Само пред еден миг Исус зборувал со нив и одеднаш Тој бил вознесен на небото во облак и исчезнал пред нивните очи.

Одненадеж, пред нив застанале двајца мажи во бели облеки.

Ангел: „Зошто гледате кон небото? Овој Исус ќе дојде повторно исто како што отиде на небото“.

Исус ќе дојде повторно! Зар тоа не е големото ветување кое го даде при Неговата разделба?

Девојче: „Вистина ли е дека Исус ќе дојде повторно?“

Да. Во Библијата Тој Самиот го рече тоа: „Одам да ви подготвам место и тогаш ќе дојдам повторно да ве однесам таму за да можете секогаш да бидете со Мене“.

Момче: „Кога Исус ќе дојде повторно?“

Кога учениците Го поставиле истото прашање, Неговиот одговор беше:

Исус: „Не е важно да го знаете датумот. Поважно е да не Ме заборавите. Верувајте во Мене и чекајте Ме. Само Бог Таткото го знае времето кога ќе дојдам повторно“.

Исус сепак рекол дека можеме да препознаеме кога ќе дојде повторно. Тој рекол дека пред да се врати, ќе има војни и земјотреси. Кога ќе се случи тоа, нема да биде долго.

Девојче: „А како ќе дојде Исус повторно?“

Момче: „На облаците, нели?“

Добро слушавте. Ќе дојде одеднаш. Ниту еден весник, ниту СМС нема да го објават тоа. Но сите ќе Го видат. Тие што Го заборавиле и живееле без Него, кои велат дека Исус нема да се врати, ќе бидат ужасно исплашени. А тие кои Го сакаат и Го чекаат, Тие ќе бидат многу среќни и ќе одат со Него во рајот.

Дали јас сум на Негова страна? Дали ти си на Негова страна? Ова е најважното прашање досега.

Бог сака сите да се определат за Него и да одат во рајот затоа што нè сака.

Верувањето во Господ Исус е гаранција дека сме на Негова страна.

Исус ќе дојде повторно! Верувам дека нема да биде многу долго.


Улоги: Раскажувач, ангел, девојче, момче, Исус.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on August 08, 2023, at 08:40 AM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)