Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 004 (Prayers can cause miracles)
4. Молитвите прават да се случуваат чуда
Улиците биле правливи, сонцето било вжештено на небото. И повторно питачот седнал покрај патот. Секојпат кога слушал чекори, тој ја испружувал раката.
Вартимеј: „Помогнете ми! Дајте ми пари“.
Некои луѓе го сожалувале Вартимеј, други го занемарувале.
Еден ден изгледало како сите во градот Ерихон да се на улица.
Вартимеј: „Што се случува?“
Човек: „Исус, Божјиот Син, ќе помине по овој пат, Оној кој ги сака сите, ги лекува болните и дури може да ги воскресне мртвите“.
Слепиот Вартимеј почнал да се надева. Дали Исус ќе го слушне, ако викне по Него?
Со сето срце почнал да вика кон Оној кого не можел да го види:
Вартимеј: „Исусе, нема ли да ми помогнеш!? Смилувај ми се!“
Некои од луѓето кои го слушнале се вознемириле и го искарале слепиот човек.
Човек: „Замолчи и бегај, инаку…“
Дали е забрането да се повикува Исус? Не!
Вартимеј не ги слушал луѓето; наместо тоа, тој викал уште погласно:
Вартимеј: „Господе Исусе, те молам помогни ми!“
Исус ги слуша сите. Тој ги слуша и твоите молитви.
Во Библијата пишува дека Исус застанал и заповедал:
Исус: „Доведете го слепиот човек кај Мене“.
И тогаш Вартимеј застанал пред Божјиот Син. Тој не го гледал, но се чувствувал сигурен и безбеден во Неговото присуство. Тој го слушнал пријателскиот глас на Исус.
Исус: „Вартимеј, што сакаш од Мене? Што сакаш да ти направам?“
Вартимеј не требало долго да размислува за тоа. Неговата најголема потреба станала негова молитва:
Вартимеј: „Господе, да прогледам“.
Исус ја слушнал неговата желба.
Исус: „Прогледај! Верата твоја те спаси“.
Токму во тој миг Вартимеј можел да гледа целосно. Неговите очи го виделе Оној кој ја слушнал неговата молитва и одговорил на неговиот крик.
Пресреќен, Вартимеј му се заблагодарил на Исус и оттогаш го следел Исус со цело срце.
Во Библијата Бог ти вели:
„И повикај Ме во тежок ден; Јас ќе те избавам, а ти ќе Ме прославиш“.
Улоги: Раскажувач, Вартимеј, учениците, Исус.
© Copyright: CEF Germany