Home
Links
Contact
About us
Impressum
Site Map


YouTube Links
App Download


WATERS OF LIFE
WoL AUDIO


عربي
Aymara
Azərbaycanca
Bahasa Indones.
বাংলা
Български
Cebuano
Deutsch
Ελληνικά
English
Español-AM
Español-ES
فارسی
Français
Fulfulde
Gjuha shqipe
Guarani
հայերեն
한국어
עברית
हिन्दी
Italiano
Кыргызча
Македонски
മലയാളം
日本語
O‘zbek
Plattdüütsch
Português
پن٘جابی
Quechua
Română
Русский
Schwyzerdütsch
Srpski/Српски
Slovenščina
தமிழ்
Türkçe
Українська
اردو
中文

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 125 (Deadly arrow 2)

Previous Piece -- Next Piece

DRAMAS -- perform them for other children!
Plays for children to perform

125. Смртоносна стрела 2


Еден човек имал храброст да ја каже вистината. Еден наспроти 400!

Михеј: „Царе Ахав, Бог не ја сака оваа војна. Ако не Го слушаш, си го ризикуваш животот“.

Ахав: „Дали го слушнавте ова? Ми ја изрече смртната казна. Затворете го! Веднаш!“

Не било современо за царот Ахав да го слуша Бог. Замислил во главата да го нападне градот Рамот.

Кој не го слуша Бог си го ризикува животот. Шпионите на Ахав го наслушувале воениот план на непријателите.

Шпион: „Кога ќе се бориме против Ахав и неговата војска, не стрелајте во војниците туку во царот“.

Но Ахав бил лукав.

Ахав: „Царе Јосафат, јас ќе се маскирам, но ти остани во царската облека. И тогаш ќе се бориме заедно“.

Царот Јосафат се согласил. Иако не го разбирам тоа. Зошто не го послушал Божјиот совет? Обично секогаш носел решенија со Божја помош.

Борбата била тешка. А непријателите се сосредоточиле само на царот.

Сигурно можеш да замислиш што се случило. Кога непријателите го виделе царот Јосафат во царска облека помислиле дека е царот Ахав и го исползувале за нивната цел. Јосафат очајно се борел за својот живот. Тогаш тој ја сфатил оваа вистина: Кој не Го слуша Бог си го ризикува животот. Јосафат бил близу до смртта. Но Бог ги натерал непријателите да престанат да стрелаат кон него.

Еден од војниците го затегнал лакот и случајно истрелал па смртно го ранил царот Ахав. На зајдисонце тој умрел. Го изгубил животот затоа што никогаш не Го слушал Бог.

А Јосафат се освестил.

Дали некогаш повторно ќе донесува решенија без Бог?

Кој не Го слуша Бог си го ризикува животот. Царот Јосафат се убедил да постапува и решава без да го слуша Бог. Потоа зажалил за тоа.

Дури и кога пријателите од твоето друштво не мислат дека е „ин“ да Го слушаш Бог, биди како риба што плива наспроти текот. Без оглед на тоа што мислат другите, слушај Го Бог. И примај совети од луѓе кои Го знаат и Го сакаат Исус.

Кој не Го слуша Бог си го ризикува животот. Вистинска радост е да се слуша Бог, зашто знам дека Тој го сака најдоброто за мене.


Улоги: Раскажувач, Ахав, Михеј, шпион.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on November 05, 2021, at 01:33 PM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)